Хитлер доби QR код за зелен пасош, ЕУ на нозе

Неидентификувани лица од надлежните органи во една европска земја ги украле QR кодовите што се користат за генерирање на европскиот зелен пасош, јавија италијанските медиуми.

Според нив, дел од QR кодовите биле објавени и дистрибуирани на интернет програми за издавање лажни сертификати. Според квалификувани италијански извори, веќе е одлучено да се поништат сите документи генерирани со тие QR кодови.

Планирани се и серија состаноци на европско ниво меѓу сите технички засегнати страни за детална анализа на ситуацијата. Сè уште не е познат бројот на украдени кодови или дали проблемот ја засега и Италија, иако истрагата е во тек.

Кражбата на кодовите не била извршена во Италија. Првичните истраги покажаа дека немало компјутерски напади врз Sogei, ИТ компанија на Министерството за економија што обезбедува кодови за генерирање зелени сертификати во Италија.

Според тоа, можеби нападот бил извршен врз слична институција во друга европска земја. Во моментов, сепак, потврдено е дека украдените QR кодови се поништени и како резултат на тоа, сите зелени сертификати генерирани од тие кодови се невалидни.

Повикувајќи се на извори од Италија, АНСА наведува дека тие укажуваат дека овие шифри се користат за создавање фалсификувани сертификати кои се нудат преку интернет.

Два зелени пасоша издадени на име на Адолф Хитлер, за кои е докажано дека се оригинални, сега кружат на мрежите. Според италијанскиот сајт Zezone.it станува збор за два зелени пасоши по име Адолф Хитлер, од кои едниот е роден во 1900 година, а другиот во 1930 година.

И двата имаат валиден QR код, а сајтот тврди дека овие шифри се украдени во Полска.

Истрагата е во тек, а се одржани многу состаноци на повеќе нивоа во ЕУ. Инаку, во Италија од 15 октомври за пристап до работното место е потребен и зелен пасош, односно ковид пропусница.

URL
реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе