Холанд: Далеку сум од Роналдо и Меси

Норвешкиот голгетер и натаму е цел на разно-разни шпекулации за промена на средината која би чинела вртоглава сума поради тоа што за него велат дека е правиот наследник на Роналдо и Меси.

Моментално Ерлинг Браут Холанд е со репрезентацијата на Норвешка со која го очекуваат три мундијалски квалификациски натпревари и тоа против Гибралтар, Турција и Црна Гора.

На репрезентативна прес-конференција, новинарите наместо прашања поврзани за националниот дрес, му упатуваа и незгодни околу наводен трансфер во гигантите Манчестер Сити и Барселона.

„Јас сѐ уште имам три години од договорот. Не се секирам многу околу тоа“, дипломатски рече фудбалерот на Борусија од Дортмунд.

Него многумина го квалификуваат како наследник на Лео Меси и Кристијано Роналдо со оглед на бројот на голови кои ги постигнува.

„Медиумите се оние кои пишуваат за такви споредби, јас не се ни фокусирам на такви работи“, тврди тој, иако, несомнено му годат такви споредби со двајцата великани.

Холанд кариерата ја почна во тимот на Брине каде на 16 години во 4. лига играјќи за вториот тим на 11 натпревари постигна 16 голови. Се пресели во Молде каде на 50 натпревари даде 20 голови по што следуваше трансфер во австриски Салцбург. Таму блесна со 29 голови на 27 натпревари по што Борусија веднаш го прибра и за која до денес има 49 голови на исто толку натпревари.

„Сакам секојдневно да се подобрувам. Роналдо и Меси... Не ни треба да зборувам за нив, тие се најдобри на сите времиња. Тие сѐ уште ми се многу далечни“, скромно заврши норвешкото чудо.

За Норвешка досега има 6 голови на 7 натпревари, а како тргнал несомнено е дека ќе го урне рекордот на легендарниот Јерген Јуве кој со 33 голови е најдобар стрелец во историјата на Норвешка, рекорд кој никој не успеал да го собори уште од 1937 година кога и бил поставен. Тоа не им успеа ниту на Оле Гунар Солскјер, Торе Андре Фло и Јон Карев.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе