Холанд на еден гол до апсолутен рекорд во Премиер лига

Манчестер Сити направи огромен чекор кон одбрана на титулата во Премиер лигата откако го совлада водечкиот Арсенал со 4:1 во дербито од 33. коло на англискиот шампионат.

Сити сега има два бода помалку од Арсенал, но и два натпревари помалку, игра во фантастична форма и ита кон нова титула. Ерлинг Холанд го искористи дербито меѓу двете најдобри селекции во Англија за историски рекорди.

Фантастичниот 22-годишен норвешки напаѓач се запиша меѓу стрелците на крајот од натпреварот кога го искористи додавањето на Фил Фоден за гол во 95. минута. Голот беше негов 33-ти во 29-от првенствен натпревар во сезоната, што значи дека го собори рекордот во Премиер лигата за најмногу постигнати голови во 38 натпревари. До крајот на натпреварувањето, Сити има уште седум натпревари.

Remote video URL
Уште еден гол до апсолутен рекорд

Рекордот во моментов го држи Мохамед Салах од Ливерпул од сезоната 2017/2018 со 32 гола. За да стане апсолутен рекордер по бројот на голови во една сезона од англискиот шампионат, му недостига само уште еден гол. Овој рекорд заедно го држат Ендрју Кол и Алан Ширер, кои постигнаа по 34 гола во сезоните 1993/1994 (Кол), односно 1994/1995 (Ширер) кога во англискиот шампионат играа 22 клуба. Сезоната тогаш беше подолга за четири натпревари.

Исто така, Холанд, кој ја игра првата сезона во Премиер лигата, со голот против Арсенал успеа да израмни рекорд стар 71 година. Тоа се однесува на бројот на голови постигнати во англиското првенство од небритански играч. Досега со 33 гола го држеше Чилеанецот Хорхе Робледо од сезоната 1951/1952.

Најмногу голови во една сезона во Премиер лигата:

33 - Ерлинг Холанд (Манчестер Сити, 2022/2023)

32 - Мохамед Салах (Ливерпул, 2017/2018)

31 - Луис Суарес (Ливерпул, 2013/2014)

31 - Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед, 2007/2008)

31 - Алан Ширер (Блекбурн, 1995/1996).

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе