Холандија планира да воведе брзи тестови на здив низ целата земја

Холандија планира да воведе брзи тестови на здив низ целата земја за да го забрза процесот на тестирање на коронавирусот и да го направи помалку инвазивен.

Установите во Амстердам во кои се одвива тестирање на коронавирусот први започнаа да користат SpiroNose оваа недела, уред што може да открие можни инфекции за една минута врз основа на здив.

По повеќемесечно тестирање, холандските здравствени власти утврдија дека SpiroNose е сигурен кога станува збор за негативни резултати од тестовите, изјави инфектологот Марикен ван дер Лубен.

– Доколку тестот е негативен, тоа е многу сигурен исход и можете да одите, додека ако е позитивен тогаш мора да биде потврден со ПЦР тест, појасни Ван дер Лубен.

Властите во Холандија нарачаа околу 1.800 уреди што планираат да ги инсталираат во тестирачките објекти низ целата земја во наредните месеци.

Белгискиот вирусолог Марк Ван Ранст рече дека ова е ветувачка технологија, но дека сè уште нема доволно докази што покажуваат дека ова е патот по кој треба да се оди.

Холандската компанија Breathomix, која прва го разви уредот за откривање астма и карцином на бели дробови, наведува дека собрала доволно податоци за сигурно откривање на можна инфекција со коронавирусот.

„Во последните неколку месеци го измеривме здивот на луѓето кои имаат коронавирус и оние кои не се заразени и го знаеме нивниот просечен профил на дишење“, соопшти компанијата.

Breathomix моментално ги испитува опциите за користење на уредот во компании и училишта, но тоа нема да биде решение за отворање објекти за огромен број луѓе, бидејќи, според компанијата, за секој тест се потребни две до три минути.

SpiroNose е исто така чувствителен на алкохол, цигари и други фактори кои влијаат на здивот на луѓето.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе