Хонгконг во брутален локдаун: Сè покриваат со пластика, еколозите бесни

Строгата политика на карантин што ја спроведува Хонгконг, насочена кон запирање на ширењето на COVID-19, многу експерти ја сметаат за лоша бидејќи ѝ штети на и на економијата, и на менталното здравје, но исто така беше критикувана од еколозите дека ја оштетува животната средина со создавање вишок пластичен отпад.

Пластика има насекаде: во карантинските хотели, сите далечински управувачи се завиткани во најлонска фолија, перниците се во пластични кеси, а оброците пристигнуваат во пластични кеси и со пластичен прибор за јадење.

„Персоналот во таквите објекти е облечен во целосна заштитна опрема, што значи дека секој има најлонски скафандер, ракавици, обувки, специјални покривки... Сите членови на персоналот на секој кат од објектот“, вели Клементин Вон, претприемачка од Хонгконг, која таму пристигнала со авион на 4 април.

„Телефони, далечински управувачи, сè е завиткано во пластична фолија“, изјави таа за Reuters од нејзиниот карантински објект.

Стапката на рециклирање е 11 проценти

Во Хонгконг дневно се отстрануваат повеќе од 2.300 тони пластичен отпад, а стапката на рециклирање, според властите, е само 11 отсто. Најголемиот дел од отпадот оди на депониите.

Портпаролот на владата на Хонгконг рече дека властите се свесни за зголемувањето на количината на отпад за еднократна употреба од почетокот на пандемијата на COVID-19 и ги повика жителите да прифатат зелен начин на живот секогаш кога е можно.

Но, Едвин Лау, шеф на локалната еколошка група The Green Earth, тврди дека пристапот на властите во Хонгконг во борбата против КОВИД го одразува целосниот недостаток на еколошка свест.

„Сите овие луѓе кои престојуваат во хотели во карантин всушност не се потврдени случаи“, рече Лау, повикувајќи ги властите да дозволат рециклирање или повторна употреба на пластика од објектите за карантин.

Хонгконг, едно од ретките места во светот што се придржува до политиката „нулта толеранција кон Ковид“, стави во карантин десетици илјади луѓе оваа година. Тие престојуваат во установи за позитивни на КОВИД и нивни блиски контакти.

Ваквите капацитети само придонесуваат за проблемот со таложење пластичен отпад, а нивните корисници за Reuters потврдиле дека сите оброци им пристигнуваат во пластични кеси и со пластичен прибор за јадење.

Пол Цимерман, избран окружен советник, смета дека таквите објекти подоцна се целосно неупотребливи бидејќи не можат да се користат на долг рок, на пример за јавни станбени објекти.

„Тие беа изградени многу брзо... и се целосно неконзистентни со специјализираните градежни стандарди кои се на сила во Хонгконг“, предупреди Цимерман.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе