Премиерното прикажување на „Halloween Ends заработи 41 милион долари и се најде на врвот на бокс-офисот во Северна Америка.

Филмот беше прикажан во 3.901 кино во САД и во Канада и заработи импресивни 41 милион долари во првиот викенд на прикажување.
Џејми Ли Кетрис се враќа како баба со длабоко вкоренета траума во „Halloween Ends“. Филмот неочекувано се најде во конкуренција со морничавиот трилер што заработи 12.4 милиони долари во третиот викенд од прикажување.
„Хорор филмовите се покажаа прилично одлични на бокс-офисот“, вели Дејвид А. Гроз од Franchise Entertainment Research. „Помладата публика сака да гледа вакви филмови во кино“, вели тој.
На меѓународно ниво, „Halloween Ends“ заработи дополнителни 17 милиони долари од прикажувањето на 77 пазари и со глобална заработка од 58 милиони долари. Филмот чинеше 33 милиони за продукција, без трошоци за маркетинг.