Хрватите сакаат нула толеранција за возење под дејство на алкохол

Новиот Национален план за безбедност на патиштата во Хрватска предвидува укинување на толеранцијата од 10% за брзо возење и намалување на граничните вредности на дозволената количина алкохол во крвта на возачот, што сега изнесува 0,5 промили.

Хрватите не се задоволни од резултатите од претходниот десетгодишен план, чија цел - намалување на бројот на смртни случаи на патиштата за 50% во периодот од 2010 до 2020 година - не е постигната, затоа најавуваат построги регулативи што би биле вклучени во новиот план за следната деценија.

Се издвојуваат две мерки, и доколку бидат усвоени, тие ќе влијаат и на возачите од други земји кои патуваат во Хрватска, вклучувајќи ја и нашата.

Една од мерките што се разгледуваат се однесува на толеранцијата на брзо возење. Оваа толеранција или, како што официјално се нарекува, „безбедносна разлика“ е 10 км/ч за брзина до 100 км/ч, а за поголема брзина е 10 проценти.

Планот предвидува оваа толеранција да се сведе на минимум што е можно повеќе, а за да се спроведе мерката потребно е локалните самоуправи да набават нови уреди за мерење на брзината. Досега, на пример, на автопат, каде ограничувањето на брзината е 130 км/ч, толерирано е возење со брзина до 143 км/ч.

Доколку се донесе нова мерка, оваа толеранција ќе биде значително помала и нашите возачи кои имаат намера да патуваат во Хрватска, ќе мора да обрнат поголемо внимание на ограничувањето на брзината, за да не заработат казна.

Како друга важна мерка, се наведува дека ќе се испита можноста за промена на граничните вредности на дозволената количина алкохол во крвта на возачот.

Во моментов, во Хрватска се во сила регулативите кои дозволуваат 0,5 промили алкохол во крвта (не се однесува на професионални и млади возачи).

Имплементацијата на оваа мерка, според планот, може да започне оваа година, а крајниот рок е 2023 година. Доколку биде усвоена, можно е да се намали граничната вредност или дури и нула толеранција на алкохол.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе