„Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун го надгледуваше тестирањето на новиот противавионски вооружен систем и нареди масовно производство и поставување низ земјата“, соопшти државната новинска агенција на Северна Кореја КЦХА.
Не се знае вистинската природа на оружјето, а тестот го организирала Академијата за наука на национална одбрана, за која се верува дека развива ракети и нуклеарни оружја.