Кина испрати 29 борбени авиони во самопрогласениот одбранбен воздушен простор на Тајван, соопшти тајванското Министерство за одбрана.
Беше посочено дека Народноослободителната војска на Кина испратила различни борбени авиони, авион за рано предупредување и контрола, авион специјализиран за електронско војување, авион против подморници, разузнавачки авион и авион за полнење гориво.
Наведениот број на авиони е трет по големина дневен број на авиони кои од почетокот на оваа година влегле во самопрогласениот одбранбен воздушен простор на Тајван. Кина последен пат го направи ова пред помалку од еден месец.
Тајван ги ангажираше своите борбени авиони како одговор на Кинезите. Во подготвеност е ставена и противвоздушната одбрана.
Тензиите меѓу Кина и Тајван траат од 70-тите, т.е. од крајот на Кинеската граѓанска војна по која кинеските националисти побегнаа во Тајван. Кина го смета овој остров за дел од својата територија, иако нема контрола над него.
Според CNN, Пекинг не ја исклучува можноста Тајван да го контролира со воена сила, а во последните неколку години врши притисок врз него, што ги вклучува и споменатите активности на борбени авиони.