Кина затвори два града поради можен нов бран на COVID-19

Два града во североисточна Кина воведоа строги рестрикции за патување и привремено се затворија откако се појави нов кластер на заразени со коронавирусот.

Во Кина стравуваат од повторување на епидемијата, односно појавување на нов бран и тоа прилично брзо откако конечно излегоа на крај со првиот.

Вухан, епицентарот на појавата на вирусот, пријави барем петмина заразени кои не се поврзани еден со друг и крена паника дека Кина не е комплетно исчистена од COVID-19.

Сега во североисточниот град Џилин се појавија шест новозаразени пациенти од кои петмина се поврзани со заразен од соседниот град Шулан. Џилин е град со 4,5 милиони жители.

„За да го спречиме ширењето на заразата во епидемија моравме да воведеме строги мерки во урбанизираниот дел на Џилин“, вели заменик-градоначалникот на грдаот, Гаи Донпин.

Во соседниот Шулан, град со над 700 илјади жители, има 14 потврдени новозаразени по што состојбата во градот се врати на високоризична. Ова се случува само недела дена откако властите во Пекинг објавија дека секој регион во Кина може да ја спушти состојбата на нискоризична.

Засега Шулан е единствениот град каде важат строги рестрикции во однос на нормалниот живот, а на жителите им е наредено да останат дома.

Двата града се блиску до границата со Северна Кореја и Русија и поради тоа ги стропираа сите возови, за да се спречи евентуален увоз или извоз на вирусот.

„Ние сега се наоѓаме во „воена“ состојба“, рече градоначалникот на Шулан, Џин Хуа.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе