Кинески хороскоп 2021: Што ќе ви донесе годината на Металниот Бивол?

Денеска започна кинеската Нова година, празник што симболизира нов почеток, а ќе трае до 31 јануари 2022 година. Според кинескиот хороскоп, 2021 година ќе биде во знак на Металниот Бивол.

Кинеската Нова година или Празникот на пролетта се прославува повеќе од 4.000 години, а се слави на Далечниот Исток и поголем дел од југоисточна Азија. Владеењето на Металниот Бивол носи успех на многу животни полиња, односно успех на оние кои работат вредно.

Астрологот Сузан Левит направи прогнози за секој знак, па погледнете што ве очекува во 2021, според кинескиот хороскоп.

Стаорец

Година на раѓање: 1912, 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020. Следна година во знакот на Стаорец е 2032.

Ова се тешки времиња, па немојте да се надевате дека работите ќе ви паднат од небо. Доколку сакате да имате успех во работата, ќе мора повеќе да се потрудите. Стаорецот е вредно животно и истото го очекува од другите, да бидат упорни, доследни и да работат.

Бивол

Година на раѓање: 1913, 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021. Следна година во знак на Бивол е 2033.

Пред вас е година во која ќе може да уживате во плодовите на вашата работа. Исто така е одлична година за склопување брак, основање семејство и раѓање на дете. Претходните години многу сте се мачеле, но затоа и многу сте научиле, па сега заслужено треба да уживате.

Тигар

Година на раѓање: 1914, 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010. Следна година во знакот на Тигар е 2022.

Ова е година во која мора да се посветите на завршување на работите кои сте ги започнале и во исполнување на дадените ветувања. Вложете ги силите во тоа, бидејќи ако сега не ја искористите шансата за работите за кои сте работеле во изминатите години, никогаш нема да може да ги реализирате плановите. Смирете ја експлозивната природа и бидете попитоми.

Зајак

Година на раѓање: 1915, 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011. Следна година на Зајакот ќе биде 2023.

Другите ќе очекуваат многу од вас, а ќе почекате за заслужената награда. Тоа може да делува фрустрирачки, но не се обесхрабрувајте. Бидете трпеливи и не носете пребрзи одлуки.

Змеј

Година на раѓање; 1928, 1949, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012. Следна година на Змејот е 2024.

Минатата година беше прилично добра за вас, а ни оваа нема да биде лоша. Ве чекаат месеци на постојан напредок, но мора малку повеќе да се ангажирате. Вие по природа саката да мечтаете, но шефовите нема да имаат разбирање за тоа. Во годината на Металниот Бивол нема да стигнете далеку ако не бидете приземјени и фокусирани.

Змија

Година на раѓање: 1917, 1929, 1941, 1953, 1977, 1989, 2001, 2013. Следна година во знакот на Змија е 2025.

За разлика од тоа што ви се случи во 2020 година, во 2021 ќе имате повеќе среќа на сите полиња. Единствено пазете да не претерате во очекувањата од другите луѓе, во тој случај може да бидете длабоко разочарани.

Коњ

Година на раѓање: 1918, 1939, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014. Следна година во знакот на Коњ е 2026.

Зад вас е една тешка година. Во 2021 година ќе биде поинаку, но треба да обрнете внимание на меѓучовечките односи. Доколку се покаже прилика за почеток на проблематична врска, добро размислете пред да се впуштите во такво нешто.

Коза

Година на раѓање: 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015. Следна година во знакот на Коза е 2027.

Ве чека година полна со предизвици. Доколку процените дека нема да може да одговорите соодветно на некои од нив, повлечете се и почекајте подобри времиња, кога ќе имате повеќе енергија. Потрудете се сите сегменти во животот во кои владее хаос оваа година да ги доведете во ред, ја имате поддршката на планетите.

Мајмун

Година на раѓање: 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016. Следна година во знакот на Мајмун е 2028.

Вие сте мудри и често умеете да го надитрите непријателот, па ако треба ќе се послужите со недозволено оружје. Оваа година треба да на промените тактиката инаку ќе се најдете во сериозни проблеми. Немојте да терате по свое по секоја цена, така ќе избегнете непријатности.

Петел

Година на раѓање: 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017. Следна година во знакот на Петел е 2029.

Претстојната година за вас ќе биде една од насјреќните. Тешките денови се зад вас, како и сето тоа што ве кочеше. Ве чека триумф на деловен план, но и на емотивен.

Куче

Година на раѓање: 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018. Следна година во знакот на Куче е 2030.

Оваа година за вас ќе биде малку потешка, бидејќи луѓето со кои сте опкружени нема да имаат многу разбирање за вас. Од вас ќе се очекува да работите над границите на вашите можности, а за возврат нема да го добиете тоа што очекувате. Прифатете го тоа мирно, бидејќи во 2022 сè ќе ви се врати двојно.

Свиња

Година на раѓање: 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019. Следна година во знакот на Свиња е 2031.

Доколку се држите до работните етики, за вас ова ќе биде година на голем успех и просперитет. Ви претстои напредок во кариерата, но и среќа во емотивните односи. Ако досега не сте оствариле сериозна врска, 2021 година е совршена за тоа.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе