Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Климатските промени забрзано ги топат замрзнатите региони во светот, а најзагрозен е летниот арктички морски мраз, кој сигурно ќе исчезне до 2050 година, се вели во извештајот објавен денеска од истражувачката мрежа на Меѓународната иницијатива за криосфера и клима.

Во извештајот се соопштува дека само оваа година на источниот Антарктик врнело дожд во март кога температурите на воздухот биле невообичаено високи и дека во текот на летото Алпите изгубиле 5% од ледената покривка, додека во септември на Гренланд е регистриран нов рекорд на топење за тоа време од годината.

Се истакнува дека по осумте најтопли години на планетата, има сѐ повеќе докази дека ледените региони во светот се топат многу побрзо отколку што очекуваа научниците.

Авторите на последниот извештај воспоставија дијагноза на „терминална состојба“ за мразот што секое лето се формира и плута на Арктичкиот Океан.

Објавувањето на извештајот се совпадна со почетокот на самитот за климата на ОН, кој ќе трае до 18 ноември во египетското летувалиште Шарм Ел-Шеик, а арктичките активисти и домородните жители од тие региони за испланираа медиумски настан со кој ќе го одбележат исчезнувањето на морскиот мраз.

Научниците истакнуваат дека светот мора да ги преполови емисиите на јаглерод диоксид во оваа деценија во однос на нивото од 2005 година и да достигне 0 до 2050 година, со цел да се спречат брзите климатски промени со екстремни влијанија.

Во извештајот се вели дека дури и да се постигне ова, светските региони покриени со мраз нема да почнат да се стабилизираат до некаде помеѓу 2040 и 2080 година, а топењето на глечерите ќе продолжи повеќе од еден век пред да се забави, до 2200 година.

реклама

Симптоми на рак поврзани со спиењето

Read more

Сателитските снимки откриваат: Кина изгради мистериозен брод

Read more

Бугарските служби работат: Страници што треба да ги отследите

Read more

Американскиот „Нострадамус“ предвиде кој ќе биде следниот претседател

Read more

Вести

Фосил од птица стар 12 милиони години откри праисториски јужноамерикански предатор

Read more

Како се формираат вулканските острови? 7 факти за огнените острови

Read more

Русија се повлекува од најголемиот светски научен проект

Read more

Како Gemini AI ја подобри апликацијата Google Maps?

Read more
 

Гик

Sony најави 50 унапредени игри за ланирањето на PlayStation 5 Pro

Читај повеќе

Пред 100 години Никола Тесла детално опиша како би изгледал паметниот телефон

Читај повеќе

Фосил од птица стар 12 милиони години откри праисториски јужноамерикански предатор

Читај повеќе
  • filter

Како се формираат вулканските острови? 7 факти за огнените острови

Читај повеќе

Русија се повлекува од најголемиот светски научен проект

Читај повеќе

Како Gemini AI ја подобри апликацијата Google Maps?

Читај повеќе
  • filter

OnePlus 13 пристигна со нов процесор и голема батерија

Читај повеќе

Поларните мечки изложени на поголем ризик од болести поради затоплувањето на Арктикот

Читај повеќе

Помогни ми да напишам: Gemini AI сега може сам да пишува и уредува е-пошта

Читај повеќе