Клоп по ремито со Тотенхем: Не е крај на светот

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, им порача на своите фудбалери да престанат да се однесуваат како да се на погреб, откако вчерашното реми на домашен терен (1-1) против Тотенхем им зададе тежок удар на „Црвените“ во борбата за шампионската титула.

Ливерпул со овој бод се искачи на чело на табелата со 83 бодови, колку што има и Манчестер Сити, но составот на Пеп Гвардиола денеска го очекува дуел против Њукасл и со евентуален триумф ќе стекне предност од три бода на три кола до крајот на сезоната.

– Пред сè, треба да престанеме да се однесуваме како да сме погреб. Сè уште разговараме за фудбал и такви работи можат да се случат. Не е крај на светот. Во мојот живот се случуваа многу потешки работи, а јас сè уште сум тука, изјави Клоп.

Ливерпул во вторник го очекува гостување во Бирмингем кај Астон Вила, а германскиот стратег истакна дека неговата екипа мора да биде максимално подготвена.

– Мојот проблем не е Сити против Њукасл, туку тоа што играме против Астон Вила веќе во вторник. Ќе се подготвиме и ќе се обидеме. Единствената шанса која ја имаме е да победиме на сите преостанати натпревари, порача тренерот на Ливерпул.

Составот на Клоп веќе го освои Лига купот, а сезонава е во трка за четири трофеи, откако се пласираше и во завршницата на ФА купот и Лигата на шампиони.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more
 

Спорт

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе