Клоп: Појадокот со Фергусон беше како да сум го запознал папата

Германскиот стратег открива дека имал чувство како да се видел со папата кога првпат го запознал легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Предводникот на Ливерпул синоќа го доби признанието за Тренер на годината во Премиер лигата изгласан од Асоцијацијата на тренери. Тоа го заслужи откако на „Црвените“ им ја донесе првата титула по пауза од 30 години.

„Навистина премногу сум среќен штом сум именуван за тренер на годината, за овој прекрасен „Сер Алекс Фергусон“ трофеј, наречен по човекот на кого многу му се возхитувам“, беа првите зборови на Јирген Клоп.

Познато е ривалството помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, чиј предводник беше популарниот Ферги, па вакви зборови искажани од човек кој е дел од Ливерпул и не се мала работа.

„Знам дека не е многу паметно како предводник на Ливерпул, но јас му се восхитувам. Тој беше првиот британски менаџер кој го запознав и со кој појадував. Беше одамна и не сум сигурен колку тој памети, но јас вечно ќе го помнам бидејќи за мене тоа беше како да сум го запознал папата“, открива Германецот.

„Беше навистина супер и уште од старт ни тргна муабетот. Тогаш не ни помислував дека еден ден ќе го држам в раце пехарот именуван по него. Задоволството е посебно со оглед на тоа што сум изгласан од мои колеги тренери“.

Токму Ферги е првиот освојувач на оваа награда од нејзиното воведување во 1993 година. Воедно, Шкотланѓанецот и најмногу пати ја освоил, вкупно 5, пред Дејвид Мојз со 3.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе