Кога сексот е лек и спречува развој на болести?

Сексот е една од најубавите форми на уживање, но покрај задоволство, оваа активност нуди низа позитивни дејства врз организмот, вклучувајќи јакнење на имунитетот.

Мажите кои уживаат во секс барем два пати неделно имаат двојно помал ризик од инфаркт, во споредба со мажите кои имаат секс само еднаш месечно, потврдија најновите истражувања.

Редовниот секс помага и да имате поквалитетен сон, да се ослободите од стресот, да горите калории и да ги ублажите менструалните болки.

Сексот го подобрува имунитетот, го активира производството на имуноглобулин со што се зголемува способноста на телото да се бори против болести и создава одбранбен систем.

Редовниот и добар секс го намалува високиот крвен притисок подеднакво ефикасно како и лекови, покажа едно најново истражување што беше презентирано на Државниот универзитет во Џорџија.

За лошиот или непостоечкиот сексуален живот најчесто се виновни стресот, физичкиот умор, здравствени или финансиски проблеми, како и влошените односи со партнерот. Ако главоболката е причина за да одбегнете сексуални односи, треба да знаете дека поголеми се шансите болката да ви помине од една „партија секс“ со партнерот/партнерката.

Докажано е дека во моментот кога се случува оргазмот, нивото на окситоцин се зголемува за пет пати, што доведува до моментно ублажување на болката, велат лекарите. При оргазам се лачи и хормонот дехидроепиандростерон кој го подобрува имунитетот и ја подмладува кожата, правејќи ја витална и здрава.

Мажите кои имаат оргазам барем два пати неделно генерално живеат подолго од оние кои имаат еден оргазам во неколку недели. Се подобрува циркулацијата поради зголемениот број на отчукувања на срцето за време на сексуалниот однос и дотокот на свежа крв во органите и клетките. На овој начин човечкото тело се ослободува од умор.

По водењето љубов, телото се опушта и може слободно да потонете во цврст сон што е многу важен за регенерација на организмот.

Редовниот секс помага и за слабеење – колку почесто имате секс, толку повеќе калории топите.

Само со страсно бакнување се активираат 35 мускули и трошите две калории по минута, што е двојно повеќе од редовната стапка на метаболизмот (Колку за споредба, трошите 11,2 калории по минута со трчање на трака).

Сепак, треба да знаете дека сите пози не топат исто калории, туку само оние што активираат повеќе групи мускули.

Мисионерската поза е најдобра за мажите бидејќи ги активира мускулите на рацете и нозете. Активен секс во оваа поза околу половина час ќе „изгори“ 100 калории, што е еднакво на едно пиво и 2-3 орео колачиња.

За жените е добра секоја поза што бара префрлање на тежината на стапалата. Се препорачува позата во која жената е клекната одозгора.

Лежечките пози ги активираат стомачните мускули, така што е делотворни и за мажите и за жените (под услов, нели да не лежите без никаква акција, што всушност и воопшто не е забавно за никого). На овој начин не ви бегаат 50-тина калории, зависно од времетрањето на сексот.

Исто така е многу важно да водите љубов најмалку 15 минути за да почне фазата на горење калории, а постапката да ја повторувате секој ден за да има долготраен ефект.

Истражувањата покажале дека со половина час страсно водење љубов, мажите согоруваат 101 калории, а жените околу 69.

Само со предигра од 20-тина минути жените може да стопат 87 калории, а мажите 107.

Откачување и соблекување на градникот со двете раце троши 8 калории, со една рака 18, а со заби 67 калории.

Една стриптиз точка ќе стопи 60 калории, а орален секс 100 калории.

Секс од стоење ќе ве ослободи од вкупно 600 калории за двајцата, а само оргазмот ќе стопи 60 до 100 калории. 

Тагови
реклама

Зошто Германците не „летаат“ на автопат дури и таму каде што нема ограничување на брзината?

Read more

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Read more

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Здравје

Намирници што треба да се јадат секој ден

Read more

5 знаци дека вашето тело не поднесува кафе

Read more

Како да ги готвите морковите за максимален внес на витамин А?

Read more

Што му се случува на вашето тело ако секојдневно пиете јаболков оцет?

Read more

Магазин

Може ли прекумерното внесување протеини да предизвика запек?

Читај повеќе
  • play_arrow

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Читај повеќе

Намирници што треба да се јадат секој ден

Читај повеќе

Јапонија за прв пат има повеќе од 100.000 стогодишници

Читај повеќе

5 знаци дека вашето тело не поднесува кафе

Читај повеќе

Кога треба да користите мелен бибер, а кога во зрно?

Читај повеќе

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Читај повеќе

Општинско достигнување на денот

Читај повеќе