Кои се најголемите плачковци меѓу фудбалерите?

Нејмар е најголемиот плачко меѓу фудбалерите.

Ова го покажа објавата на BonusFinder, во која се истакнува дека во изборот земале предвид важни натпревари на кои играчите плачеле, вклучувајќи ги последните натпревари во нивните кариери, нокаут фазите на европските и светските натпреварувања, пресврти и финалиња.

Играчите потоа биле рангирани од најемотивни до помалку емотивни во зависност од бројот на ситуации во кои плачеле на натпревари.

Според тоа, бразилскиот напаѓач кој често бил критикуван за пренагласување на прекршоците направени против него, иако многу од нив навистина биле силни со оглед на неговиот стил на игра кој вклучува голем број дриблинзи.

Второто место зад Нејмар го зазема Кристијано Роналдо. Португалецот, потсетува BonusFinder, плачеше на ЕУРО во 2020, 2016 и 2004 година.

Трет е Луис Суарес, уругвајскиот напаѓач за кого, меѓу другите, емотивен момент беше минатогодишното освојување на шпанското првенство со Атлетико Мадрид, кога беше фотографиран како седи на теренот, гледа во мобилниот телефон и плаче.

Поранешниот англиски репрезентативец Пол Гаскоњ го освои четвртото место. Во неговата кариера се издвојува моментот од Мундијалот 1990 година кога плачеше во полуфиналето.

Серхио Агуеро е петти. Аргентинецот заплака, на пример, на прошталниот натпревар во дресот на Манчестер Сити, по што замина во Барселона. Според BonusFinder, на листата на десетте најемотивни фудбалери, од шестото до десеттото место се и Лионел Меси, Џон Тери, Мохамед Салах, Дејвид Бекам и Марио Балотели.

Листа на десетте најемотивни фудбалери:

1. Нејмар

2. Кристијано Роналдо

3. Луис Суарес

4. Пол Гаскоњ

5. Серхио Агуеро

6. Лионел Меси

7. Џон Тери

8. Мохамед Салах

9. Дејвид Бекам

10. Марио Балотели

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе