Кои се најголемите разлики меѓу првата и втората бременост?

Во исчекување на првото дете, многу идни мајки обично многу истражуваат, читаат книги, внимаваат на исхраната и секако, сонуваат. Сонуваат какви ќе им бидат деновите и ноќите откако тоа мало чудо ќе дојде на свет. Во втората бременост сѐ е различно, не полошо или подобро, туку едноставно различно.

Предноста е во тоа што знаете што да очекувате и на што сѐ треба да бидете подготвени, иако може да имате две сосема различни бремености и породувања. Ова се најголемите разлики меѓу првата и втората бременост, според мајките и лекарите.

Едукација

Во првата бременост не ја испуштате од рака книгата за бременост и женско здравје, а во втората читате само сликовници за првото дете. Немате ни многу време за книги, основите секако ги знаете, а и ако нешто не излезе како што е во книгата, не паничите оставате нештата да го заземат својот природен тек.

Избор на храна

Во првата бременост жените обично ги одбегнуваат сите намирници и видови храна што некогаш се нашле на некој список со работи забранети за трудници. Пијат доволно вода, здраво се хранат и редовно се движат. Во втората бременост секако се внимава што се јаде, но не со толкава ригорозност и страв, па се „дозволува“ малку туна или меко сирење.

Свесност за бременоста

Во првата бременост жените од првиот позитивен тест за бременоста се многу свесни за својата состојба и само на тоа мислат и само за тоа зборуваат. Во втората бременост, со исклучок на физичките симптоми како утринската мачнина, жените водат порелаксиран живот и паметот не им е само во бременоста.

Очекувања

Жените кои чекаат прво дете не можат ни да претпостават што да очекуваат од родителството. Не рамислуваат за постопородилното заздравување бидејќи во прв план им е бебето. Во втората бременост жените се малку пореални и однапред размислуваат што и како ќе направат, кога треба да побараат помош и како да се справат со несоницата и доењето.

Стравови

Во првата бременост жените се плашат и од сопствената сенка. Страв од користење козметика, јадење конзервирана храна, до трав да допрат нешто во јавност за да не им се пренесат бакетрии. Во втората бременост сѐ е многу поопуштено, вклучувајќи го стравот од доаѓањето на бебето и промените што ќе се случат во животот.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе