Кој е побрз: Мајкл Фелпс или бела ајкула?

Најдобриот пливач на сите времиња Мајкл Фелпс учествуваше во необичен и опасен експеримент. Исходот ќе се емитува во недела на Discovery Channel.

Американскиот пливач кој го држи олимпискиот рекорд по број на освоени медали (дури 28) соработуваше во интересен проект со Discovery во кој беше испитувано кој е побрз: тој или бела ајкула?

На овој начин ТВ-каналот сака да ја промовира серијата Shark Week, а не постои подобар ривал на белата ајкула од најдобриот пливач на сите времиња.

Идејата беше да се види колку најбрзо може да исплива Фелпс во солена вода на 100 метри. Шансите не му се многу големи: ајкулите може да развијат брзина до 55 километри на час, а најголемата брзина на Фелпс измерена досега е 9,6 км/ч.

Фелпс имаше помош од научници кои му направија специјална перка-опашка каква што имаат ајкулите.

„Чекајте малку, 20 години тренирам како лудак, пливам, а ова ќе ме направи побрз? Зошто досега не сте ми го покажале?“, се пошегува Фелпс.

За волја на вистината, Фелпс не пливаше со ајкулите, но пливаше на отворено море кај Јужна Африка каде ајкулите често „наминуваат“. Имаше блиска средба со ајкула, но беше во заштитен кафез. Сепак, и таквиот контакт изгледа страшно.

„Ова сакав да го направам цел живот, високо котираше на мојата листа на неисполнети желби, да ги видам одблиску овие животни во нивниот природен хабитат“, рече Фелпс.

Останува да видиме во недела кој навистина бил побрз.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Живот

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Read more

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Read more

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе