Кој ја обвини младата офицерка од Египет за блокирање на Суецкиот Канал?

Марва Елселехдар е првата египетска капетанка на брод, а остана запрепастена откако поради лажна вест беше обвинета за неодамнешната блокада на Суецкиот Канал.

Оваа 29-годишна офицерка вели дека некој сака да ја намести можеби затоа што е успешна жена во оваа работа или затоа што е од Египет.

Реакцијата на Марва следи по лажни вести објавени на англиски јазик кои почнаа да се појавуваат на порталот Arab News, а кои ја обвинуваат дека е виновна за заглавувањето на бродот Ever Given  во Суецкиот Канал.

Веста набргу почна да се шири по социјалните мрежи, но наскоро стана јасно дека станува збор за фотомонтажа. Марва воопшто не ни била во близина на местото на несреќата. Како прв офицер била на бродот Aida IV, стотици милји далеку во Александрија, но се плашела дека таа лажна вест може да влијае на нејзината кариера, со оглед на тоа што работи професија во која доминираат мажи. Судејќи според Меѓународната поморска организација, од сите светски морепловци само два проценти се жени.

„Таа лажна статија на англиски јазик се прошири и во други земји. Вложив огромен напор да го негирам тоа што пишува во неа, бидејќи влијае на мојата репутација и трудот што го вложив да бидам сега каде што сум,“, вели Марва.

Добрата страна е што се стекна со светска популарност, но сепак тврди дека и понатаму не знае кој и зошто почна да шири лажна вест за нејзина наводна вмешаност во настаните на Суецкиот Канал.

„Мојата порака кон жените кои сакаат да се занимаваат со оваа работа е да со борат за тоа што го сакаат и да не дозволат негативните работи да влијаат на нив’, вели таа.

Идниот месец Марва ќе полага испит за самостојна капетанка.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе