Кој одбива да носи маска добива забрана за возење во градски превоз во Германија

Германски железници (Deutsche Bahn DB) ги воведоа првите долгорочни забрани за користење на нивните превозни средства за луѓе кои одбиваат да носат заштитни маски, објавија вчера германските медиуми.

„DB воведе забрана за продажба на своите услуги на повеќе од десет лица поради повеќекратно одбивање да носат заштитни маски“, изјави портпарол на концернот за весникот Welt am Sonntag.

На овие лица им е забрането да ги користат услугите на DB во меѓуградскиот и локалниот сообраќај во следните шест месеци, а исто така им е забрането да влегуваат во железничките станици низ целата земја.

Поголемиот дел од луѓето на кои им е изречена забраната за превоз се дел од групи кои го негираат постоењето на пандемија на коронавирус. Во декември тие објавија видео на социјалните мрежи во кое се движат без заштитни маски во вагон на DB и ги малтретираат патниците со маски.

Во случај на непочитување на изречената забрана, DB се подготвува да поднесе кривична пријава за влегување на приватен имот.

Во Германија, од воведувањето на првите мерки за борба против пандемијата на коронавирус минатата пролет, се разви сцената Querdenker (во слободен превод: оние што размислуваат „надвор од кутијата“), составена од луѓе кои се противат на мерките и редовно го негираат постоењето на пандемијата.

Тагови
реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе