Која е најчеста вагинална инфекција која погодува речиси 30% од жените?

Најчеста вагинална инфекција кај жените е бактериската вагиноза.

Според Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), оваа состојба погодува речиси 30 отсто од жените на возраст меѓу 15 и 44 години. Се јавува кога има прекумерен раст на бактерии, што ја нарушува природната pH рамнотежа на вагината.

Одредени фактори на ризик за развој на бактериска вагиноза се испирање на вагината, бременост, нов сексуален партнер, женски сексуален партнер или повеќе сексуални партнери, некористење на кондом или интраутерина направа. Може да ѝ се случи на секоја жена, дури и сексуално неактивна, иако таква појава е ретка.

Не постои безбеден начин да се избегне бактериска вагиноза, но може да го намалите ризикот со тоа што нема да ја испирате вагината, да ги ограничите сексуалните партнери, да користите латекс кондоми и да носите памучна долна облека.

Кои се симптомите на бактериска вагиноза?

Понекогаш нема никакви симптоми, а доколку ги има, тие најчесто вклучуваат валкано бел, сив, зеленикав, воден вагинален исцедок и мирис на риба кој може да биде посилен за време на менструацијата или после секс. Помалку чест симптом е чешање или болка, изјави д-р Џенифер Видер за Yahoo News.

Бактериската вагиноза не е сексуално пренослива инфекција, но може да го зголеми ризикот од добивање сексуално преносливи инфекции, како што се кламидија или гонореја, според CDC. Ова, пак, може да доведе до воспалителна болест на карлицата. Ако имате бактериска вагиноза додека сте бремени, тоа исто така го зголемува ризикот од предвремено породување (пред 37-та недела од бременоста).

Како се лекува бактериската вагиноза?

Добрата вест е дека оваа состојба е излечива. Инфекцијата се дијагностицира со земање примерок од вагинална течност при гинеколошки преглед и лабораториска анализа. Терапијата обично вклучува земање антибиотици.

Студија од 2021 година покажа дека бактериската вагиноза ќе се повтори во рок од шест месеци во повеќе од 50 проценти од случаите. Затоа е важно да земете цела доза антибиотици и да се обидете да спречите враќање на инфекцијата.

Бактериската вагиноза се смета за блага инфекција, но може да ве направи поподложни на сериозни здравствени состојби. Ако почувствувате некој од симптомите, не ја одложувајте посетата на гинеколог.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе