Која храна го намалува ризикот од рак на дебелото црево кај мажите?

Исхраната богата со зеленчук, цели зрна, јаткасти плодови и мешунки може значително да го намали ризикот од развој на рак на дебелото црево кај мажите, покажува ново истражување.

Големото истражување на 79.952 мажи кои живеат во САД покажа дека оние кои јаделе највисоки количини здрава храна од растително потекло имале 22% помал ризик од развој на рак на дебелото црево во споредба со оние кои јаделе најмали количини од оваа храна. Интересно е што истата корелација не е пронајдена кај жените, иако 93.475 од нив учествувале во истражувањето.

Третиот најчест рак во светот

„Колоректалниот карцином е трет најчест карцином во светот. Еден од 23 мажи и една од 25 жени можат да се разболат во текот на животот“, вели нутриционистот Јихје Ким од Универзитетот Кјунг Хи во Јужна Кореја, а пренесува BBC.

„Иако претходните истражувања покажаа дека растителната исхрана може да игра улога во превенцијата на колоректалниот карцином, точното влијание на нутритивниот квалитет на храната од растително потекло не е јасно. Нашите наоди покажуваат дека здравата исхрана базирана на растенија е поврзана со намален ризик од рак на дебелото црево“, додаде таа.

За време на истражувањето, научниците ги прашале испитаниците колку често консумираат одредени видови храна и пијалоци од списокот со повеќе од 180 артикли. Учесниците можеа да наведат дека ја консумираат секоја храна „никогаш или ретко“ до „два или повеќе пати на ден“.

Групите на храна се класифицирани во здрава растителна храна (интегрални житарки, овошје, зеленчук, растителни масла, јаткасти плодови, мешунки како што се леќата и наут, чај и кафе), помалку здрава храна од растителна основа (рафинирани житарки, овошни сокови, компири, додадени шеќери) и храна од животинско потекло (животински масти, млечни производи, јајца, риба или морски плодови, месо).

Сузбивање на воспаленија

„Ние претпоставуваме дека антиоксидансите во храната како што се овошјето, зеленчукот и интегралните житарки може да придонесат за намалување на ризикот од рак на дебелото црево со потиснување на хроничното воспаление кое може да доведе до развој на рак“, објасни Ким.

„Бидејќи мажите имаат поголем ризик од рак на дебелото црево од жените, ова веројатно објаснува зошто јадењето поголеми количини здрава растителна храна е поврзано со намален ризик од рак на дебелото црево кај мажите, но не и кај жените“, додаде Ким.

Авторите откриле дека ризикот од рак на дебелото црево кај мажите исто така варира во зависност од расата и етничката припадност. На пример, кај Јапонците кои се хранат поздраво, забележано е намалување на ризикот од рак на дебелото црево за 20%, додека кај белците тоа е 24%.

Истражувањето Plant-based dietary patterns defined by a priori indices and colorectal cancer risk by sex and race/ethnicity: the Multiethnic Cohort Study беше објавено во списанието BMC Medicine.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе