Колку е кокосовото млеко добро за вас?

Кокосовото млеко е една од најпопуларните билни алтернативи на класичното млеко.

Но, исто така, има релативно многу калории и содржина на заситени масти, што може да има негативни здравствени ефекти.

Месото од кокосот се меле и се меша со вода, а потоа се цеди за да се добие кремасто млеко.

Треба да ја правите разликата меѓу кокосово млеко со кокосова вода - тоа е течност што природно се наоѓа во младите зелени кокоси. Кокосовата вода содржи околу 95 проценти вода и има малку калории и маснотии. Иако содржи електролити како калиум и натриум и може да се користи како алтернатива на спортските пијалоци за рехидратација, водата од кокос обично има пониско ниво на одредени хранливи материи од кокосовото млеко.

Има два типа на кокосово млеко: густо и ретко. Густото кокосово млеко се подготвува со директно гмечење на дробено кокосово месо низ газа. За добивање на ретко кокосово млеко веќе гмеченото месо се натопува во топла вода и потоа одново се гмечи. Густото млеко се користи претежно за готвење десерти и богати сосови. Реткото млеко се користи за супи и за готвење воопшто. На Запад најчесто не се прави разлика помеѓу овие два типа на кокосово млеко со оглед на на тоа дека кокосот се увезува, и повеќето корисници млекото го купуваат во конзерви. Произведувачите на кокосовото млеко во конзерви, обично ги комбинираат двата начина на цедење со додавање на вода како дополнување.

Различни производи од кокосово млеко можат да имаат различни здравствени придобивки, но нема доволно истражувања специјално за конзервираното млеко од кокос.

Може да го ублажи воспалението

Лауринската киселина е вид на маснотија што се наоѓа во кокосот. Некои истражувања сугерираат дека може да му помогне на имуниот систем, благодарение на неговите антиинфламаторни и антимикробни својства.

Добра алтернатива за луѓе со алергии на млеко

Ако имате алергија на кравјо млеко, сте нетолерантни на лактоза или следите вегетаријанска, веганска или растителна диета, пијалоците од кокосово млеко се добри алтернативи.

Бидејќи кокосовото млеко е всушност млеко без млеко, неговата употреба како замена за кравјо млеко може да им помогне на оние со нетолеранција на лактоза или алергии на млеко.

Но, важно е да се знае дека кокосовото млеко содржи малку протеини.

Колку и да е вкусно кокосовото млеко од конзерва, не може да се негира дека има многу калории. Ако сакате да одржите тежина или да изгубите тежина, консумирањето кокосово млеко можеби не е најдобриот избор.

Може да го подигне нивото на холестерол

Бидејќи кокосовото млеко е богато со маснотии, а особено со заситени масти, неговото често користење може да го зголеми нивото на холестерол.

Сè уште има дебата за тоа дали само кокосовото млеко може да го зголеми холестеролот. Генерално, истражувачите треба да спроведат повеќе студии за да ги разберат ефектите и односот помеѓу потрошувачката на кокосово млеко и холестеролот.

Дали кокосовото млеко може да биде дел од здрава исхрана?

Ако се прашувате дали треба целосно да го исфрлите кокосовото млеко од вашата исхрана, ќе ви биде драго да слушнете дека можете повремено да уживате во неговиот неодолив вкус.

Повремената употреба на кокосово млеко се вклопува во здравиот начин на исхрана богата со растителни влакна, чисти протеини и здрави масти, што е докажано дека ги намалува симптомите на скоро сите хронични заболувања, како што се срцеви заболувања, дијабетес, дебелина и лошо ментално здравје.

Но, важно е да не претерувате. Ако кокосовото млеко стане редовен дел од вашата исхрана, можно е да внесете премногу калории и премногу заситени маснотии.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе