Колку јајца смееме да изедеме во еден ден?

Пржени, варени, матени... Јајцата се подготвуваат на сто начини и се секогаш вкусни.

Најчесто се јадат за појадок, но може да се додадат и во главните јадења или салати. Токму поради честото консумирање, сигурно барем еднаш сте се запрашале колку јајца всушност можеме да јадеме дневно без да му наштетиме на нашето здравје.

Американската фондација за срце препорачува до едно јајце дневно за луѓе со висок холестерол во крвта, дијабетес или оние кои се изложени на ризик од срцева слабост. Од друга страна, возрасните со нормално ниво на холестерол во крвта и оние кои јадат здрава исхрана можат да јадат до две јајца на ден.

„Во 60-тите и 70-тите, јајцата беа непријател број еден за срцето бидејќи научниците открија дека високото ниво на холестерол во крвта го зголемува ризикот од срцеви заболувања, а јајцата се богати со холестерол. Сепак, заситените масти во храната како црвено месо, путер, сирење и другите полномасни млечни производи го зголемуваат холестеролот во крвта повеќе отколку јајцата“, објаснува нутриционистката Бони Либман за The Washington Post.

Инаку, јајцата содржат витамини А, Б12 и Д, како и калиум и натриум, а ова се само дел од причините поради кои се почесто се споменуваат како идеална храна. Бидејќи јајцата се богати со протеини и ниски калории, тие може да ви помогнат да се чувствувате сити подолго време и да го одржувате шеќерот во крвта низок. Јајцата содржат антиоксиданси наречени лутеин и зеаксантин, кои помагаат во спречување на нарушувања на очите како што се катаракта и макуларна дегенерација.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе