Колку пати Македонска пошта ви изгубила пакет?

Вработените во националната Пошта пред две недели почнаа со секојдневни предупредувачки протести барајќи првенствено исплата на платата за септември. Протестите се одржаа во тек на паузите во подружниците на поштенското претпријатие во подружниците во Скопје и низ државата.

Минатата недела, на 26 октомври, на средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорт на Пошта Васко Стефанов со претставници на синдикалните организации во поштенското претпријатие Боро Велигденов и Младен Стојановски, придружувани од претседателот на ССМ Дарко Димовски, беше договорено протестот во националната Пошта да се стави во мирување, да се исплати платата  за септември, а за наредните месеци да се исплаќа во законски предвидениот рок, до 15-ти во месецот.

Требаше да дојде следниот понеделник за да почне Пошта да функционира, секако, по нивен терк. Корисници пријавуваат дека добиваат телефонски повици од Пошта дека немаат доволно поштари, па пратките што чекаат неиспорачани уште од пред штрајкот да си ги подигнуваат сами.

За (не)функционалноста на Пошта се зборува и пишува многу. Порталот 360stepeni.mk неодамна објави резултати од теренско истражување во кое ја ставија на тест државната Пошта на Северна Македонија, праќајќи писма и пакети до шест адреси низ Македонија за да проверат каква услуга добиваат граѓаните од државната фирма.

Според статистичките податоци на Агенцијата за пошти, во 2021 година имало 1.006 рекламации за пречекорен рок на достава и за изгубена пратка, што е зголемување на бројот на рекламации за 1,3 отсто споредено со претходната година. Најчесто, поплаките се за изгубени пратки. Пошта лани прифатила и обесштетила половина од рекламациите. Ова за директорот Васко Стефанов е незначително во однос на вкупниот број пратки во 2021 година – 30.559.811, објави порталот.

За тоа како поминале пратките во нивното теренско истражување, ве упатуваме да прочитате на 360stepeni.mk, а за незадоволството на граѓаните од услугите на Пошта, споделуваме мислења од дежурниот коректив – твитер сферата.

Зошто Македонска пошта не се модернизира, како на пример со праќање на известувања за пристигнати пратки на e-mail или преку СМС порака, наместо со картончиња кои ги разнесуваат поштари (кои очигледно ги имаат сè помалку), останува отворено прашање.

Какви се вашите искуства со нивните услуги? Колку пати ви изгубиле пакет досега? 

URL
URL
URL
URL
URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе