Комета ќе се појави на небото прв пат по 50.000 години

Неодамна откриената комета C/2022 E3 за прв пат по 50.000 години ќе се приближи до Сонцето и најверојатно ќе биде видлива со голо око кон крајот на јануари.

Малата комета е откриена во март, 2022 година додека минувала низ орбитата на Јупитер. Според пресметките на научниците, сега се движи кон Сонцето и на 12 јануари ќе стигне најблиску.

Кога ќе се доближи до Сонцето, ледот во јадрото на кометата ќе се стопи и ќе премине во долга опашка која рефлектира сончева светлина. Токму тоа би требало да се види со голо око од Земјата, од северната хемисфера.

„Кометата најмногу ќе блесне кога ќе биде наблизу до Земјата“, вели професорот по физика Томас Принс од Технолошкиот институт во Калифорнија.

Појавата ќе биде помалку спектакуларна од минувањето на другите комети кои сепак се и поголеми. Со добар телескоп ќе може да се види, а можеби и со голо око, во текот на еден дел од ноќта.

Најдобрата прилика ќе биде викендот на 21 и 22 јануари и неделата што следи потоа.

Последен пат толку блиску до Сонцето кометата била пред 50.000 години, сметаат астрономите.

Remote video URL
Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Вести

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Read more

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Read more
 

Гик

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Читај повеќе
  • filter

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Читај повеќе

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе