Комора на сметководители: Ликвидноста на над 65% од претпријатијата е сериозно нарушена

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Голем дел од самостојните вршители на дејност сѐ уште немаат добиено средства за април, иако уредно поднеле барање и барањето им било одобрено. Сите параметри укажуваат дека ликвидноста на над 65% од претпријатијата е сериозно нарушена, соопшти денеска Комората на сметководители.

Комората бара продолжување на мерките за финансиска поддршка и апелира институциите да ги усогласат ставовите за да не се создава дополнителна конфузија при имплементацијата.

Во услови на економска криза, нагласува Комората, промовирањето репресивни мерки е непотребно.

– За мерката финансиска поддршка на приватниот сектор во износ од 14.500 денари по вработен која е особено актуелна, циклусот за април е завршен, за мај е во тек, а се соочуваме со технички неусогласености и предизвици за реализација. Деновиве сме сведоци на разни толкувања од страна на надлежни институции, коморите и синдикатите за начинот на искористување на средствата. Таквите толкувања доведуваат до заблуди, зголемувајќи ја правната несигурност кај колегите сметководители, како и кај клиентите со кои соработуваме, рече на прес-конференција Александра Андреева, член на УО на Комората на сметководители.

Согласно законските прописи, истакна Андреева, во случај кога зависно од дејноста има делумно или целосно запирање на работниот процес, дозволено е пресметување и исплата на нето плата во износ од 50 или 70 отсто.

-Ова беше соопштено на официјалната веб страница на Владата, а во повеќе наврати го потврди и министерката за финансии, повикувајќи се на одредбите од член 112 од Закон за работни односи. Оттука, неосновани се тврдењата кои се наjавуваат изминативе денови, со закана за контроли и враќање на средствата со камата доколку не е исплатен целиот износ од 14.500 денари како нето плата. Уредбата никаде не се повикува на бруто или нето плата, туку средствата се јасно дефинирани како финансиска поддршка за исплата на плата. Во условите за аплицирање и одобрување на оваа мерка, пропишано е единствено компанијата да има пад на приходот за 30 отсто во однос на споредбен период, како и задржување на бројот вработени неколку месеци по завршувањето на мерката. Никаде не се поврзува со висината на исплатената нето плата, напомена Андреева.

Според Благоја Грозданов, исто така член на УО на Комората, дел од дејностите воопшто не се почнати со работа, поради што се неопходни навремени реакции за помош.

-Комората на сметководители постојано укажува на потребата од меѓуинституционална координација и слух за потребите на реалниот сектор од терен. Голем дел од самостојните вршители на дејност се уште немаат примено средства за април, иако уредно поднеле барање и барањето им било одобрено. Сите параметри укажуваат дека ликвидноста на над 65 проценти од претпријатијата е сериозно нарушена. Тука не се изземени ниту сметководствените бироа, кои во најголем број поради ограничувачките пропишани услови, за жал, не можеа ниту да алицираат за некоја од понудените економски мерки, рече Грозданов.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе