Конте би се вратил во Серија А, но кој би го зел после Тотенхем?

Антонио Конте призна дека размислува еден ден да се врати во Калчото, но се чини дека ниту еден клуб на Чизмата не е во можност да ги задоволи неговите финансиски барања.

По поразот од Милан во вторникот во Лигата на шампионите, Антонио Конте остана во Италија и не се врати со своите играчи во Лондон. Тотенхем објави дека тоа било на барање на самиот Конте, а како причина ја наведе неодамнешната операција која стратегот ја направи. Останувањето во Италија наводно нема врска со некакви преговори со друг клуб, туку е поради желбата за опоравување во домашна атмосфера. Докторите му велеа воопшто и да не го води тимот во Милано, но тој не ги послуша.

Calciomercato ги анализираше опциите на Конте во Италија, потенцирајќи дека Јувентус, кој би можел да биде очигледен избор за поранешниот играч и тренер на „Бјанконерите“, има договор со Макс Алегри до 2025 година, а столчето на тосканскиот стратег во моментов е далеку од несигурно.

Годишната плата од 17 милиони евра која Конте ја зема во Северен Лондон е баснословна за секој клуб од Калчото. Италијанските клубови во моментов не би можеле да си го дозволат Конте дури и ако тој се согласи на примања намалени дури за половина од она што му го плаќа Тотенхем. 

Со оглед на неговата слаба сезона во Тотенхем, тешко дека било кој европски клуб би му понудил сличен договор, па доколку хипотетички Конте би се согласил драстично да ги намали побарувањата, тогаш би имал шанси за скоро враќање во Италија.

Според Calciomercato воопшто не е опција враќање во Интер, каде сигурен ан клупата е далеку помалку платениот Симоне Инѕаги, додека Милан има доверба во Стефано Пиоли кој успеа дури и Скудето да им донесе, а да не зборуваме за малиот буџет за засилувања кој Милан го има и кој нема да се совпадне во стратегијата на Конте.

Опција може да биде Рома, но само доколку Жозе Мурињо си замине на крајот од сезоната. Такви гласини постојат, иако со Мурињо никогаш не се знае. Сепак, дури и да се случи такво нешто, „Џалоросите“ се соочуваат со рестрикции за трансфери поради Финансискиот фер плеј на УЕФА.

Иднината на 53-годишниот стратег во Северен Лондон останува неизвесна, а и покрај неговата желба за враќање во татковината, нема добри опции за такво нешто меѓу клубовите од Серија А.

Освен ако не случи некое чудо па Берлускони да го одврзе кесето и Конте да заврши во Монца.

URL
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе