Конте: Управата на клубот би требало да испрати порака со поддршка до мене

Тренерот на Челзи Антонио Конте, во изјава за англиските медиуми истакна дека очекува поддршка од управата на клубот од „Стемфорд Бриџ“, во врска со последните шпекулации околу негово заминување од лондонскиот клуб.

Тренерот на „Сините“ смета дека клубот треба да излезе во јавноста со соопштение во кое ќе му понуди поддршка пред финишот на сезоната кој следува.

„Би сакал да добијам некоја порака за поддршка која ќе им се спротистави на сите шпекулации. Можеби клубот би можел да подготви соопштение за медиумите во кое би пишувало: „Веруваме во неговата работа“, изјави Конте, а потоа додаде:

„Давам се од себе за овој клуб, работам максимално, а ако управата на клубот сака да ми го продолжи договорот, ќе разговараме за тоа. Зошто да не?“, се запраша поранешниот тренер на „Старата дама“.

Екипата на Челзи денеска ја очекува гостување кај Вотфорд, а во последните неколку денови во англиските медиуми се споменува можноста за заминување на Конте од клупата на Челзи токму после оваа средба.

После 25 одиграни кола во оваа сезона, Челзи се наоѓа на четвртата позиција со 50 освоени поени и ако го победи Вотфорд, ќе го прескокне Ливерпул и ќе се врати на третата позиција со три поени помалку од второпласираниот Манчестер јунајтед.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе