Контрамитинг: Шпанците на улица поради референдумот во Каталонија

Ширум Шпанија денеска се планирани митинзи во знак на протест поради минатонеделниот референдум за независност на Каталонија.

Илјадници демонстранти се очекува да излезат на улиците на Мадрид, а има повици и за контрамитинзи во Барселона и други градови низ земјата да изразат незадоволство од референдумот и да повикаат на обединетост на Шпанија.

Претставникот на шпанските власти Енрик Милјо упати извинување до сите повредени во полициските акции за спречување на гласањето на референдумот минатата недела, но исто така за нередите ги обвини каталонските власти бидејќи воопшто го одржале референдумот што власта во Мадрид го смета за противуставен.

Неколку стотици луѓе беа повредени во интервенциите на полицијата, а повредени беа и 33 полицајци.

Претседателот на Каталонија Карлес Пучдемон рече дека ќе се обрати на регионалниот Парламент во вторник, 10 октомври. Шпанскиот Уставен суд претходно го суспендираше одржувањето на седницата на Парламентот на Каталонија закажана за на 9 октомври.

Постојат шпекулации дека Парламентот на наредната седница еднострано ќе прогласи независност врз основа на резултатите од референдумот.

Според официјалните резултати, за независност се изјасниле 90% од 2,3 милиони гласачи. На референдумот излегоа 43% од гласачите.

Беа пријавени нерегуларности во гласањето, а полицијата заплени дел од гласачките кутии.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе