„Корона чао“ е проблематична. Ама ептен проблематична

Ја чув вчера „Корона чао“, хитот на сезоната. Ја имаа споделено едно 15 мои Фб пријатели. И јас мислам дека таа песна е проблематична. Ама ептен проблематична.

Вака го почнува неговиот текст писателот Живко Грозданоски во кој ги објаснува причините зошто преработката на револуционерната „Бела чао“ е погрешна и подгрева еден негативен социјално-културен феномен. Неговиот текст ви го пренесуваме во целост.

1.

Песната почнува со „Што беше фино пред каранинов“. Ама не, Дац/Александар, не беше ич фино пред карантинов. Поточно, не беше, и не е за сите. И тука е главниот проблем со песната: вие зборувате (пеете) од позиција на привилегирани средовечни мажи што уживаат во разни благодати (кафани, плажи, четири ѕида...), ама факт е дека голем број од населението не може да ги има тие нешта. Велите „само да се јадело“, во земја во која има голем број луѓе што реално штедат и на храна. Да не спомнуваме бездомници. Во држава во која народ гладува и се сели, образование/здравство/правда/итн е во хаос, цути криминал и малограѓанштина, газди малтретираат вработени, вие земате револуционерна (!) песна, (револуција = итни промени) и ја масакрирате со стих „и ко да ништо не било“.

2.

Интересно е што песната ја сподели и Бојко Борисов, за и целиот БГ народ да ја чуе. (Пази, човекот ја сподели песната со порака дека МК може да смета на поддршка од БГ - еден ден откако БГ побара од ЕУ да не се спомнува никаде постоење на МК јазик...) Туку, зошто Бојко ја сподели песната? Затоа што е многу „убава“? И плод на особен труд и креативност? Не... ја сподели затоа што е свесен дека таа песна е чист анестетик: „и ко да ништо не било“ е омиленото мото на владејачките елити - политичари (на власт) и велики газди: „ништо да не се смени“. Во време кога „Гардијан“ пишува дека со пандемијава почнува крајот на капитализмот, во време кога овој систем се покажува со сета своја трулост и насекаде се зборува за неопходните промени што ќе мора да следат по сево ова, доаѓа оваа песна со „ај ко да ништо не било“. Како да е од власта нарачана песнава.

3.

Во вакви ситуации, кога од никаде изникнува некоја ваква штетна појава, одново се сеќавам на нешто што го има напишано Армандо Њиши, италијански културолог: „не се само нашите власти опаднати и изопачени до крајни граници. И ние сме, интелектуалците и научниците, (професорите) срамежливи и смешни, продадени и хомологни, или едноставно депресивни и застрашени од смешното, во изолацијата на нашата мала опозиција“ (Креолизација на Европа). Каде се нашите професори културолози да кажат нешто, макар бегло, за оваа појава? За тоа дека оваа песна е токсичен турбо-фолк, „леб и игри“ (без леб) пар екселанс, за тоа дека океј е естрадата (Александар), ама културата (Дац) треба да биде на онаа другата страна, спротивна на турбо-фолкот? Ако некој кажал нешто, а јас сум испуштил, нека ми се прости - јас не сум видел.

4.

Еден ден ќе се укине вонредната состојба и полицискиот час, и најверојатно многумина ќе направат напор да бидат кул со тоа што ќе ја шернат уште еднаш „Корона чао“, и ќе си пејат: „и ко да ништо не било“... За да не си вбризгуваат луѓе уште една доза од овој штетен седатив, им предлагам на Александар и Дац да направат еден кавер на овој „кавер“, нешто што барем би било на висината на „Хихириху“. Нешто што би било искажано со гласот на обична работничка во конфекција, на пример. Нешто вака, на пример, ма да е ова напишано за 10 минути (веројатно дупло повеќе од времето што било потребно за да се напише „Корона чао“).

5.

Кавер на кавер

 

Ден за ден гинев, и без каранинов, (о бела..)

држава банана, а во кафана, еднаш на четири месеци.

В сутерен тесно, кирија бесна, (о бела...)

снижена плата, а на кредит камата, така решија банките.

 

Аптека празна, маски ни под разно (о бела...)

здравството тоне, перат милиони, и доктори се иселија...

Се сели народ, и пак „по старо“? (о бела...)

Како по старо? Назад во жарот? Во калта и во пепелта...

 

Едни в ќош збрани, други привилегирани, каде е солидарноста?

 

Наместо плажа, во трикотажа (о бела...)

за шест илјадарки, а деца сакаат старки, а и мажот пак ми се дере... (тука оди она „не кашлај тамо!“)

До кај што гледам, корупција, беда (о бела...)

криминали тешки, политичари смешки, ама ај да се веселиме...

 

Работници гладни, живот стани-падни (о бела...)

Култура ќути, естрада цути, за општа анестезија.

Не може веќе, сè на мои плеќи (о бела...)

Не беше фино, пред карантинов, мора полека да се менува сè.

 

Не беше фино, пред карантинов, мора полека да се менуваме.

реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Култура

Почнува 10-тото јубилејно издание на фестивалот на краток филм Drim Short

Read more

Фестивалот Охридско лето денеска одбележува 66 години од постоењето

Read more

Пол ван Дајк и Пол Окенфолд за 35 години независност во Струмица

Read more

7. Галичник Филм Фестивал - Каде што традицијата станува филм

Read more

Вести

7 нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, 3 пациенти во критична состојба

Читај повеќе

Тетовец ја избркал сопругата од дома со трите малолетни деца, а потоа физички ја нападнал

Читај повеќе

Politico: Црна Гора и Исланд би можеле заедно да влезат во ЕУ

Читај повеќе

Гаши ги распиша предвремените избори за градоначалник на Брвеница за 18 октомври

Читај повеќе

Левица: РКЕ крои тарифи со компаниите, а народот ќе биде известен кога ќе му пристигне сметка за струја

Читај повеќе

ССНМ: Новинарите мора да имаат пристап до информации

Читај повеќе

Скопјанец возел со 3,29 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

Читај повеќе

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Читај повеќе

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан ги здружуваат силите: Потпишуваат одбранбен договор

Читај повеќе