Реал Мадрид победи на гостувањето кај Реал Сосиедад со 1:0 во 33. коло од шпанската Ла Лига и дојде на чекор до шампионската титула.
Стрелец на единствениот гол за Реал Мадрид беше младиот Турчин Арда Ѓулер во 29. минута, кој на тој начин ги донесе Кралевите на дофат до освојување на 36. титула во историјата.
Интересно, тоа беше првпат младиот 19-годишен фудбалер да биде стартер на Реал во шпанскиот шампионат откако имаше низа повреди од неговото доаѓање во Мадрид.
Ѓулер летово пристигна на „Сантјаго Бернабеу“ од турски Фенербахче во трансфер вреден 15 милиони евра, а на првите тренинзи ги импресионираше сите во клубот и со причина имаше големи очекувања од него, а Карло Анчелоти најави по средба дека сигурно ќе продолжи и следната сезона во Реал и покрај проблемите со повреди.
Домашните беа целосно рамноправен, ако не и подобар противник, по ВАР прегледот им беа поништени два гола, но не можеа да избегнат пораз.
Кралскиот клуб сега има 14 бода предност пред Барселона и јасно е дека трката за титулата е завршена на пет кола до крајот.