Корона-кризата масовно ги качи скопјани „на точак“

МИА/КАЈГАНА
/ 15.12.2020 / 10:04

Локалните и државни власти итно да преземат похрабри мерки во делот на јавниот превоз и да овозможат подобри услови за користење на алтернативните средства за превоз бидејќи граѓаните се свесни за значењето на велосипедот.

Ова е заклучокот од онлајн анкетата што граѓанските организации НаТочак и „Одржливи иницијативи“ ја спроведоа во ноември врз 1.615 учесници во градскиот сообраќај во врска со нивното движење низ Скопје пред и за време на короната и нивното мислење за велосипедот.

Анкетата покажа дека 28 проценти од испитаниците направиле промена во начинот на превоз поради коронавирусот.

Бројот на индивидуални корисници на автомобилот пораснал за 21,56 проценти за време на кризата, а бројот на корисници на јавниот превоз се намалил за 55,43 проценти.

Околу 90 проценти од оние кои го замениле споделениот автомобилски или јавен превоз со сопствен автомобил, тоа го направиле поради страв да не се заразат со вирусот.

– Соодветна инфраструктурна промена би ги спречила негативните тенденции од корона-кризата (зголемен број корисници на индивидуален автомобил) да продолжат и ескалираат после кризата (со зголемен автомобилски сообраќај од новите корисници), а би ги поддржала позитивните тенденции (порастот на одржливиот активен сообраќај на кој сме сведоци и покрај севкупно намаленото движење), велат од иницијативата НаТочак.

Пред точно три месеци поднесовме предлози за градскиот буџет за 2021 година. Деновиве треба тој да се гласа и се...

Posted by НаТочак - NaTochak on Monday, December 14, 2020

За време на кризата се зголемил бројот на луѓето кои пешачат за 22,47 проценти, а на луѓето кои возат велосипед како превоз за 20,88 проценти. Резултатите од анкетата покажуваат и дека 60 проценти од оние испитаници кои почнале да користат велосипед за време на кризата, живеат во општини кои даваат бенефиции за користење на велосипед како што се Карпош и Аеродром. 

Анкетата покажа и дека голем број од анкетираните или поточно 80 проценти имаат велосипед. И луѓето кои возат повремено велосипед и луѓето кои вооопшто не користат велосипед, со 97 и со 90 проценти сметаат дека велосипедот треба да заземе поактивно учество во градскиот сообраќај и да се создадат услови за тоа. Три четвртини од оние кои воопшто не користат велосипед одговориле дека би сакале да возат и би возеле кога би имало подобра инфраструктура, безбеден сообраќај и безбеден паркинг. 

„Корона-кризата е одлична можност да се воведат нови велосипедски ленти, да се ослободат тротоарите и да се донесат политики за јавниот простор кои ќе овозможат зголемено учество на велосипедот, за сите учесници во сообраќајот, без разлика на нивниот префериран начин на движење. На пример, дури 72 проценти од оние на кои примарно превозно средство им е автомобилот се согласни за поинакви политики за јавниот простор. Велосипедот е најсоодветна анти-корона мерка во сообраќајот за 70 проценти од сите испитаници, но и за 63 проценти од оние кои користат автомобил и за 61 процент од оние кои користат автобус, а истовремено и лесно остварлива, или поинаку кажано, зголемената употреба на велосипеди е втора најостварлива анти-корона мерка после зголемениот број автобуски линии“, велат од НаТочак.

Анкетата била поддржана од страна на проектот „Да зборуваме за климатските промени“, спроведуван од Еко Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, а финансиски поддржан од Европската Унија.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе