Корона вирусот се шири низ Европа, Италија е жариштето

Неколку европски земји ги пријавија првите случаи на заболени од корона вирусот Covid-19 и најверојатно сите се поврзани со епидемијата во Италија која се шири со голема брзина.

Австрија, Хрватска и Швајцарија пријавија случаи на заболени луѓе кои биле во Италија, исто како Алжир во Африка. Регистриран е и првиот случај на Covid-19 во Јужна Америка – жител на Бразил кој само што се вратил од Италија.

Италија моментално е жариштето на Европа, со повеќе од 300 заболени и 11 починати од корона вирусот. Сепак, соседните земји решија дека ќе биде „несоодветно“ ако ги затворат границите.

Министрите за здравство на Франција, Германија, Италија и Европкста комисија ветија дека ќе ги остават границите отворени иако постојано се пријавуваат нови случаи на заболени низ Европа.

Во Македонија нема заболени од корона вирусот Covid-19

Во земјава нема заболени од корона вирусот Covid-19. Здравствениот систем е подготвен и спремни се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар. Јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба, ова се пораките кои изминативе неколку дена ги упатуваат надлежните.

Тројцата патници кои допатуваа во нашата држава, двајца од Италија, а еден од Дубаи, немаат корона вирус.

Надлежните апелираат патниците кои доаѓаат од критичните региони доколку почувствуваат некои од симптомите, да не шетаат по здравствените установи, туку да се јават на телефонските броеви на Институтот за јавно здравје.

Државата го подигна нивото на заштита и превенција од корона вирусот Covid-19, особено по неговото ширење во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања каде престојуваат околу 23.000 државјани на Северна Македонија. Владата вчера на седница донесе одлука да ги задолжи сите основни и средни училишта и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, како и да организира едукативни часови за превенција од корона вирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје. На граѓаните на земјата им се препорачува да не патуваат во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на корона вирусот.

Надлежните апелираат без итна потреба да не се патува во критичните региони во северна Италија, а патниците кои доаѓаат од таму ќе бидат под засилена здравствена контрола на граничните премини, и по потреба ставени во изолација во медицинска установа. Сите патници кои ќе доаѓаат во земјава од критичните региони во северна Италија, ќе бидат детално инервјуирани, прегледани и по потреба тестирани. Ќе се упатуваат и пропуштаат само на неколку гранични премини – Богородица, Блаце, Деве Баир, Табановце и Ќафасан со цел контролата да биде што поконцентрирана.

На граничните премини се одредени посебни простории каде ќе бидат интервјуирани сите патници кои доаѓаат од ризичните дестинации и ќе се врши првичен скрининг на нивната здравствена состојба. На Скопскиот аеродром, со термална камера ќе се следат сите патници кои пристигнуваат, а не како досега само тие од Дубаи и Истанбул. Со бесконтактен пиштол за мерење на телесната температура ќе се прави скрининг на патниците кои ќе пристигнат од ризични дестинации и на аеродромот во Охрид.

Доколку се јави потреба, обезбедени се простори за изолација на патници кои треба да бидат мониторирани 14 дена, и во прво време тоа ќе бидат инфективните одделенија во Штип, Велес и Гостивар, кои ќе бидат обезбедувани од полицијата.

Формиран е и кризен штаб во Министерството за здравство што ќе ги координира сите активности на надлежните институции. Кризниот штаб секојдневно ќе одржува брифинзи за најновите информации од теренот.

Каква е состојбата низ Европа?

  • Во Австрија е потврдено дека две млади лица од Италија кои живеат во Тирол се позитивни на вирусот. Едниот од нив работи во хотел кој е ставен под карантин, исто како и домот на двојката.
  • Во Швајцарија има еден заразен – маж кој живее во гратче на границата со Италија, а се инфицирал во Милано на 15 февруари и сега е во изолација.
  • Маж во Хрватска кој неодамна се вратил од Италија е првиот пациент со Covid-19 на Балканот.
  • На Тенерифе во Шпанија околу 1.000 гости беа „под клуч“ во хотел откако беше потврдено дека доктор од Италија и неговата сопруга се позитивни на корона вирусот. Во Шпанија е потврден првиот случај на заболен на копното – жена од Барселона која била во северна Италија.
  • Франција и Германија исто така потврдија нови случаи на заболени кои неодамна биле во северна Италија.

Остатокот од светот е на готовс

Државите во светот се подготвуваат за заштита од евентуално ширење на корона вирусот, од кој досега починаа 2.763 лица, а се заразени 80.970.

Властите во САД соопштија дека очекуваат ширење на заразата од новиот корона вирус Covid-19 и ги повикаа училиштата, компаниите и локалните власти да размислат за мерките на претпазливост како што е откажување јавни настани. Шефицата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести Ненси Месонер рече дека очекува ширење на вирусот во САД.

Австралискиот министер за здравство Грег Хант најави дека во Австралија ќе бидат затворени училиштата и ќе се откажат спортските настани доколку дојде до голема епидемија на коронавирусот. Во Австралија се регистрирани 23 случаи позитивни на вирусот.

Нови случаи на вирусот се забележани и во Хонгконг, Бахреин, Тајланд, Филипини и Јапонија.

Бројот на починати од Covid-19 во Кина продолжува да се намалува

Бројот на починати од новиот корона вирус во Кина продолжува да се намалува. Националната здравствена комисија соопшти дека вчера од вирусот починале 52 лица, наспроти 71 во понеделникот. Бројот на смртни случаи е најмал во последните три недели.

Во Кина од вирусот досега починале вкупно 2.715 лица. Новите потврдени случаи вчера изнесуваа 406, наспроти 508 во понеделникот. Со ова, вкупниот број на потврдени случаи во Кина без Хонгконг и Макао, изнесува 78.064.

Сите 52 нови смртни случаи од вчера се во Хубеј, епицентарот на епидемијата. Во понеделникот таму од вирусот починаа 68 лица. Голем дел од новите случаи на заразени лица од вчера, 401 од 406 се во Хубеј.

Еден ден претходно, во централната кинеска провинција беа пријавени 499 нови заразени. Според податоците од крајот на вчерашниот ден, во Хубеи се регистрирани 65.187 случаи на инфекцијата, а починале 2.615 луѓе.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе