Коронавирус во Македонија: Неизвесноста продолжува, бројот на заболени расте, а пикот се очекува за еден месец

Вкупно 285 пациенти со коронавирус се дијагностицирани во државава, 12 се излекувани и испишани од болничко лекување, а седум се починати.

Коронавирусот не бира повозрасни, млади или деца, здрави или болни. По нешто повеќе од еден месец кога во земјава беше регистриран првиот позитивен случај на коронавирусот, бројот на заболени секојдневно расте. Досега потврдени случаи има во Дебар, Скопје, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци, Куманово, Прилеп, Велес, Тетово, Струга, Битола, Струмица, Гевгелија и Крива Паланка.

На Клиниката за инфективни болести има вкупно 47 хоспитализирани со коронавирус од кои тројца се поставени на механичка вентилација на возраст од 50, 63 и 67 години, а на кислородна поддршка се дополнителни девет пациенти, а стабилна е состојбата на пациентите во сите други градови.

Пикот на коронавирусот во државава го очекуваме за еден месец, на крајот на април. Тоа се проценките на епидемиолозите согласно типот на раст на број на пациенти, но и согласно мерките што беа воведени во изминатиот период, пред се во рестрикциите на движење, во ограничувањето на социјалните контакти, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно што значи дека здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти. Досега спроведените мерки, потенцира министерот, се сосема доволни и дека полицискиот час, целосното ограничување на движењето, ограничувањето на движењето на повозрасните лица на возраст над 67 години и нивното немешање со лицата на возраст до 18 години е нешто што очекуваме да даде резултат.

Граѓаните треба да ги почитуваат мерките за изолација, самоизолација и полицискиот час со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во меѓувреме, Владата ги повика граѓаните доколку имаат симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар.

Јавете се телефонски, не одете директно во посета. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „МојТермин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање, пишува во апелот на Владата.

Филипче информираше дека освен досегашните 14 пунктови за тестирање на територијата на целата земја за земање брисеви кои се веќе објавени на сајтот на „МојТермин“, од вчера во функција е и уште пункт за тестирање во Поликлиниката во Чаир, а од утре и пунктот во Поликлиниката Идадија.

Во следните денови во сите други градови освен пунктовите за земање брисеви во центрите за јавно здравје согласно големината на градот, појасни министерот, ќе има уште еден или два пункта во рамките на Здравствениот дом, каде стручни лица, здравствени работници ќе ги земаат материјалите и ќе ги испраќаат на тестирање во лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

– Завршена е анализата и посетата на стручната комисија на приватните лаборатории. Со нивното вклучување, согласно договорите што ќе се направат со Фондот за здравствено осигурување, капацитетот значајно ќе се зголеми. Имаме на располагање сосем доволен број на тестови. 20.000 теста како донација веќе се на пат кон нашата земја, освен тестовите со кои што сега во овој момент располагаме и 5.000 тестови донација од една приватна наша лабораторија која што ќе се вклучи во системот на изработка на анализите на брисевите земени од пунктовите ширум државата, истакна министерот Филипче.

Статистиката на денот за бројот на новозаболени од денеска ќе се соопштува до 15 часот

Институтот за јавно здравје од денеска ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15 часот, по што Министерството за здравство ќе испрати информација до медиумите.

Од Министерството за здравство информираат дека е зголемен обемот на работа и информации и е сè поголем бројот на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до ИЈЗ.

-Правиме огромни напори навремено, транспарентно и точно да ја известуваме јавноста и да комуницираме со медиумите. Во овие моменти е неопходно е да имаме точни, проверени и прецизни податоци и за таа цел го поместуваме времето за известување. Прес-конференциите остануваат да се одвиваат на редовна основа за сите дополнителни информации и прашања од страна на медиумите. Нашата служба за Односи со јавност е максимално посветена да одговори на секое прашање во најкус можен рок и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина, посочуваат од Министерството за здравство.

Од Министерството замолуваат за разбирање доколку во одреден момент недоволно брзо одговори и дека тоа е најчесто така затоа што службите во здравствените институции кои треба да ги дадат информациите се преоптоварени со своите активности и не можат со очекуваната брзина да ги достават бараните информации.

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде одржана седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, како што соопшти кабинетот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за финансии, Нина Ангеловска.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе