Костадиновска-Стојчевска: Охриѓани на гостите да не им наплаќаат како да наплатуваат воена отштета

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на отворањето на Охридско лето се осврна на значењето на уметноста, претпознатливоста и реномето на фестивалот, а им посака и добредојде на уметниците. Порака упати и до угостителите во Охрид.

„Летната сезона во Охрид не трае долго и затоа квалитетот, а не квантитетот му прилега на овој древен скапоцен град. Токму затоа би сакала да пренесам една порака: поради Охридско лето и годинава на гости ќе ни дојдат многубројни уметници од целиот свет, ги замолувам угостителите да не им наплатуваат како да треба да наплатуваат воена отштета или некои други ненамерни долгови. Ако овие зборови на луцидниот Душко Радоњ допрат до нашите домаќини, им благодарам“, рече министерката.

Таа посочи дека во време кога со голема брзина се менува светот, уметноста го чува стравот и испраќа порака дека сѐ ќе биде во ред.

„Уметниците поинаку ги читаат вестите. Без уметноста, ќе има празнина”, порача таа.

За фестивалот рече: „Охридско лето е најдобра разгледница за Охрид. Настаните како вечерашниот е еден од ретките каде министерот за култура е меѓу првите говорници“.

Пред крајот на обраќањето порача: „Нека грмне, нека се отворат портите на Света Софија…“.

Свеченото отворање на фестивалот Охридско лето започна со концерт на светски познатата оперска дива Анџела Георгиу, која настапи со Оркестарот на Националната опера и балет на Република Македонија, под диригентската палка на извонредниот Чиприан Теодореску од Романија.

Remote video URL
реклама

Македонија

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Read more

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Read more

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more
 

Вести

ЕУ: Ако не постигнеме договор со Америка за царините, ќе одговориме со контрамерки

Читај повеќе

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Читај повеќе

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Читај повеќе

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Читај повеќе

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Читај повеќе

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Читај повеќе

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Читај повеќе

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Читај повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Читај повеќе