Крај на драмата: Дибала заминува од Јуве, а главна причина е Влаховиќ

Пауло Дибала летово ќе ги напушти редовите на „Старата дама“ како слободен играч по истекот на договорот со клубот, со што ќе се стави крај на долгогодишната сага за неговото заминување од Торино.

Медиумите во Италија пишуваат дека Јувентус и Дибала не успеале да најдат решение за неговиот нов договор, односно дека Аргентинецот не сакал да ги прифати полошите услови кои му биле понудени откако во клубот пристигнал Душан Влаховиќ.

URL

Влаховиќ е една од главните причини зошто Јувентус нема да се труди премногу во однос на Дибала, односно поради што ќе го пушти Аргентинецот без обештетување да си замине од клубот, а сега ќе биде интересно да се види во кој клуб ќе игра Дибала и каде ќе ја продолжи кариерата, со оглед на тоа што пред неколку години беше поврзуван со сите најдобри клубови во Европа.

Челниците на Јувентус сега во центарот на долгорочен проект го гледаат Влаховиќ, а не Дибала, што беше случај порано.

URL

Така Дибала на неславен начин ќе го заврши седумгодишниот престој во Јувентус, а за тоа време освои пет шампионски титули и четири трофеи од Купот на Италија. Тој во Торино пристигна од Палермо во 2015 година.

URL

Во текот на кариерата во Јувентус имаше проблеми со бројни повреди, што беше случај и оваа сезона, во која одигра само 29 натпревари во сите натпреварувања и постигна 13 голови.

реклама

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе