Кралот Чарлс Трети на аукција ги продава коњите на кралицата

Кралот Чарлс Трети повторно ја шокира јавноста откако реши да продаде некои од коњите за тркање, наследени од кралицата Елизабета Втора, пишува BBC.

Аукциската куќа Tattersalls соопшти дека продава 14 кобили кои претходно биле во сопственост на кралицата Елизабета Втора. Таа важеше за страстен одгледувач на тркачки коњи, но беше и голем љубител на коњичкиот спорт.

Меѓу коњите ставени на продажба се и кобили обучени од врвни тренери. Одлуката е дочекана како изненадување, но портпаролот на Tattersalls, Џими Џорџ, вели дека не станува збор за нешто необично.

„Секоја година има продажба на коњи. Кралицата имаше свои кобили за легло, ги одгледуваше за да ги продава. Не може сите да ги чувате“, изјави тој.

За потсетување, кралицата од нејзиниот татко кралот Џорџ Шести наследи центар за одгледување коњи од кои излегоа многу победници на спортски трки.

Нејзиниот менаџер за трки Џон Ворен претходно изјави дека коњите биле нејзиното „бегство“ од другите кралски должности, како и поддршка за коњичкиот спорт.

„Сигурен сум дека ако кралицата не беше воспитана да стане монарх, таа ќе работеше со коњи. Тоа едноставно беше во нејзината ДНК“, истакна Ворен.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе