Кремљ денеска соопшти дека новата средба меѓу шефот на руското разузнавање Сергеј Наришкин и директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс би можела да биде од корист, без да даде индикации кога тоа би можело да се случи.

На нивниот состанок во Анкара во ноември минатата година, Барнс, според американските претставници, ја предупредил Русија за последиците од употребата на нуклеарно оружје и го покренал прашањето за американските затвореници. Наришкин за агенцијата ТАСС изјави дека е „можен“ нов состанок.
Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков рече дека средбата „не може да се исклучи“ и дека „овој тип на дијалог има смисла“, додавајќи дека не знае ништо за евентуални датуми. Брнс, кој зборува руски, беше испратен во Москва кон крајот на 2021 година за да го предупреди Путин за трупањето војници околу Украина.
Во 2019 година, Барнс напиша мемоари со наслов „Неформални канали“. Руската инвазија на Москва ја предизвика најтешката криза во односите меѓу Москва и Западот од Студената војна. Дијалогот со САД е замрзнат.
По новогодишната порака, Путин испрати сигнал дека нема намера да отстапи и испрати суперсонични ракети кон Атлантикот и назначи нов генерал да ја води војната. Наришкин, шефот на руската надворешна разузнавачка служба (СВР), во еден од неговите ретки настапи рече дека Русија и Кина соработуваат сеопфатно и дека Москва развива разузнавачко партнерство и со Иран.
Главниот разузнавач на Путин потврди и дека во неколку наврати разговарал со шефовите на разузнавачките агенции на неколку европски земји во врска со ситуацијата во Украина.