Кремљ: Нема потреба од претседателски декрет за завршување на мобилизацијата

На Русија не ѝ е потребен претседателски декрет за официјализирање на завршувањето на делумната мобилизација на резервистите за борба во Украина и тој нема да биде издаден, објави денес Кремљ.

На 21 септември, рускиот претседател Владимир Путин го објави почетокот на првата мобилизација во Русија по Втората светска војна, по серијата воени порази од Украина.

Поради оваа одлука, стотици илјади мажи, регрути, отидоа во соседните земји како Грузија, Ерменија и Казахстан, додека повеќе од две илјади луѓе беа затворени поради протести против мобилизацијата.

Русија веќе соопшти дека регрутирала 300.000 резервисти кои и биле потребни за нешто повеќе од еден месец и дека мобилизацијата повеќе не се спроведува.

Сепак, одбивањето на Кремљ да издаде официјална потврда за крајот на регрутирањето ја зголемува загриженоста кај Русите дека мобилизацијата сепак може да продолжи.

Во понеделникот Путин рече дека ќе се консултира со правни експерти за да види дали е потребно за тоа да се донесе уредба.

„Уредбата не е неопходна“, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Правното одделение на претседателската администрација донесе заклучок дека делумната мобилизација е завршена. Од Министерството за одбрана се испратени телеграми до канцелариите за мобилизација за да се заврши испраќањето на документите за регрутирање“, додаде тој.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе