Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу од АА и Каја Шукова од СДСМ предложени за нови министри

Премиерот Димитар Ковачевски достави до Собранието предлог за реконструкција на Владата, за четворица министри и пет заменици министри, откако вчера ги заокружи преговорите за влез во владиното мнозинство на Алијансата за Албанците.

Нови кадровски решенија има за министерствата за правда, за здравство, за информатичко општество и администрација, каде доаѓаат кадри од АА, и за животна средина и просторно планирање, каде наместо ДУИ ќе раководи СДСМ.

Владината прес-служба претпладнево соопшти дека Кренар Лога е предложен за министер во Министерството за правда, Фатмир Меџити во Министерството за здравство, Азир Алиу во Министерството за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, додека предлогот за нов министер во Министерството за животна средина и просторно планирање е Каја Шукова од СДСМ.

Лога доаѓа на местото Никола Тупанчевски, ресор со којшто досега раководеше СДСМ, Меџити на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива.  Шукова ќе треба да го замени Насер Нуредини од ДУИ.

Со реконструкцијата се опфатени и заменици министри во пет министерства, за одбрана, за правда, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за образование и наука и за  здравство.

Предложени се заменици министри во Министерството за одбрана - Тирон Јајага од Алијанса за Албанците, а од редовите на оваа партија е и Вјолца Бериша за заменичкото место во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Предлогот на Ковачевски за заменик министер во Министерството за правда е Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ, за во Министерството за здравство Маја  Манолева, а за во Министерството за образование и наука - Агим Нихиу од ДУИ.

Коалицискиот партнер Алтернатива, кој раководеше со министерствата за здравство и  за информатичко општество и администрација, за утре најави седница на Претседателството на која ќе одлучува за натамошното делување.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе