Кривична пријава за пет лица поврзани со грабеж на златарница во Прилеп

Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, во соработка со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал од Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, до Основното Јавно обвинителство во Прилеп поднесе кривична пријава против Д.П. (41), М.А. (35) и У.П. (38), сите од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” и против лицата М.К. ( 44) и В.Т. ( 44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање”.

МВР денеска соопшти дека на 25.12.2019 год околу 08:45 часот додека вработената во златарница „Буба Мара“, лоцирана во старата градска чаршија во Прилеп, го поставувала излогот, второпријавениот го скршил стаклото од влезната врата со помош на чекан и влегол внатре, а по него и првопријавениот, кој вперил пиштол кон вработената и почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари. Потоа, заедно со третопријавениот, кој ги чекал пред дуќанот избегале со возило „форд фиеста“.

Четвртопријавениот им помагал така што им обезбедувал сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика додека тројцата го подготвувале кривичното дело.

Петтопријавениот, исто така, им помагал со прикривање на возилото и друга логистика.

Во соопштението стои дека М.К. и В.Т се приведени и предадени на ОЈО.

реклама

Хроника

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе