Audi нема да успее да го зголеми производството и во блиска иднина бидејќи не успева да ја набави потребната количина на чипови, а кризата ќе продолжи и во 2022 година, предупреди извршниот директор на германскиот произведувач на автомобили.
„Моментално би сакале да произведеме шестцифрен број на автомобили, а не можемо да ги произведеме сите“, изјави претседателот на управата на германската фирма Маркус Дуесман.
Според него, проблемите ќе продолжат и во 2022 година.
„Се надеваме на стабилизација на производството и испораката на чипови во првата половина на 2022 година“, додаде тој.
Најави и измени во ланците на снабдување.
Од темел ќе ги измениме нашите набавни ланци за да обезбедиме милијарди чипови годишно за нашата компанија.