Курсот на еврото во однос на доларот скокна на највисоките нивоа во последните 16 месеци

На глобалните берзи, еврото минатата недела скокна за повеќе од 2 отсто во однос на доларот, на највисоко ниво во последните 16 месеци, бидејќи американската инфлација се намалува и инвеститорите очекуваат американската ФЕД наскоро да го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела потона за 2,3 отсто, на 99,96 поени, блиску до најниското ниво во последните 15 месеци.

Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута се лизна за 2,4 отсто, па цената на еврото достигна 1,1227 долари, а во еден момент и 1,1245 долари, највисоко ниво во последните 16 месеци. Цената на доларот падна и во однос на јапонската валута, за 2,4 отсто, на 138,80 јени.

Доларот се најде под притисок откако низа податоци покажаа дека инфлацијата во САД се намалува.

Меѓу другото, минатата недела беше објавено дека потрошувачките цени во јуни се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишна основа се зголемени за 3 отсто, најмалку од почетокот на 2021 година.

Исто така, беше објавено дека цените на производителите пораснале за само 0,1 отсто на годишна основа во јуни, што е нивен најблаг раст од средината на 2020 година. Сето ова се подобри податоци отколку што очекуваа аналитичарите, па го зајакнаа верувањето на инвеститорите дека американската централна банка наскоро ќе стави крај на циклусот на зголемување на каматните стапки, кој трае повеќе од една година.

Тагови
реклама

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе