Квинсленд воведe построги мерки, во Австралија расте бројот на новозаразени

Кајгана/МИА
/ 28.06.2021 / 10:59

Австралиската држава Квинсленд од денеска повторно воведе задолжително носење маски и ги ограничени собирите во домовите, со зголемена мерка за социјална дистанца воведена низ целата земја која се бори против новото зголемување на бројот на инфекции од коронавирус.

Во најнаселениот град во Австралија, Сиднеј, за време на викендот беше воведен локдаун, како и во Дарвин на северот на земјата, додека здравствените власти се обидуваат да го спречат ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот.

Во моментов со некоја форма на локдаун или рестрикции се опфатени повеќе од 10 милиони Австралијци или две петтини од населението.

Австралискиот Совет за национална безбедност денеска треба да одржи итен состанок поради зголемениот број нови инфекции низ целата земја.

Во Квинсленд, властите ги повикаа жителите на неколку региони, вклучувајќи го и главниот град на државата, Бризбејн, да носат маски, дури и пред регулативата да стапи на сила вечерва на полноќ.

Сиднеј вчера влезе во двонеделен локдаун за да се спречи ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот, а во западна Австралија повторно е воведена обврската за носење маски во затворен простор.

Австралија досега беше многу поуспешна од другите развиени земји во спречувањето на ширењето на коронавирусот и забележа само 30.450 инфекции и 910 смртни случаи.

Затворањата, социјалната дистанца и брзото пронаоѓање на контактите досега придонесоа за успехот на оваа земја во борбата против ширењето на инфекцијата, но делта варијантата на вирусот ги крена на нозе здравствените власти во земјата. 

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе