Squadra Corse одделот на Lamborghini го претстави новиот Huracan Super Trofeo EVO2 со кој ќе се натпреварува наредната година.
Huracan Super Trofeo EVO2 има радикални подобрувања на аеродинамиката и треба да понуди најдобри перформанси до сега. Претставува футуристички естетски прототип кој делумно ги најавува елементите во дизајнот на претстојните улични автомобили на Lamborghini кои ќе дојдат во наредните години. Ова пред сè се однесува на дизајнот на предните светла, воздушните завеси и задните светла.
Huracan Super Trofeo EVO2 има 5,2 литарски V10 мотор кој развива 610 КС и шестостепен секвенционален менувач преку кој силата се пренесува на задните тркала.
Премиерата во јавноста се очекува оваа недела, а цената во Европа ќе изнесува 250.000 евра без данокот.
Целата фото галерија погледнете ја тука.