Лансиран нов пан-индустриски проект за еко-рејтинг на мобилни телефони

  • Дојче Телеком, Оранж, Телефоника, ТелијаКомпани и Водафон претставија нови ознаки за корисниците за идентификација на поодржливи мобилни телефони
  • Еко-рејтингот ќе започне ширум Европа од јуни 2021 година и ќе вклучува телефони од 12 продавачи

Пет водечки мобилни оператори во Европа ги здружија силите за да лансираат нов пан-индустриски проект за означување Еко-рејтинг, којшто ќе им помогне на корисниците да ги идентификуваат и да ги споредуваат најодржливите мобилни телефони и да ги поттикнат добавувачите да го намалат влијанието на уредите врз животната средина.

Иницијативата за Еко-рејтинг е заеднички создадена од Дојче Телеком, Оранж, Телефоника (коишто работат под брендовите О2 и Мовистар), Телија Компани и Водафон за да обезбедат конзистентни, точни информации за малопродажба, коишто се однесуваат на влијанието врз животната средина при производство, употреба, транспорт и отстранување паметни и класични мобилни телефони. Еко-рејтингот ќе им овозможи на операторите и нивните корисници да поттикнат повисок рејтинг на телефони и да ја демонстрираат побарувачката за поодржливи електронски уреди.

Засега иницијативата за Еко-рејтинг ќе направи процена на нови телефони за широка потрошувачка од 12 брендови на мобилни телефони, при што во иднина се очекува да бидат објавени и други. Партнери за воведувањето се: Bullitt Group – Центар за издржливи телефони на CAT и Motorola, Doro, HMD Global – Центар за Nokia телефони, Huawei, MobiWire, Motorola Lenovo, OnePlus, OPPO, Samsung Electronics, TCL/Alcatel, Xiaomi и ZTE.​

Почнувајќи од јуни 2021 година, мобилните оператори ќе започнат да воведуваат посебна ознака за еко-рејтинг во 24 земји1 од Европа во кои имаат свои продажни места. Корисниците можат да прочитаат повеќе за иницијативата и да дознаат како се пресметува рејтингот на веб-страницата: www.ecoratingdevices.com.

Откако ќе се изврши детална процена, на секој мобилен телефон ќе му се даде оцена за еко-рејтинг од најмногу 100 бодови, којашто ќе ги сигнализира еколошките перформанси на уредот. Ознаката за еко-рејтинг, исто така, ќе истакне пет клучни аспекти за одржливоста на мобилниот уред, обезбедувајќи дополнителни информации за: издржливоста, поправливоста, способноста за рециклирање, климатската ефикасност и ефикасноста на ресурсите.

Главните извршни директори на петте мобилни оператори - Тим Хетгес (Дојче Телеком), Стефан Ришар (Оранж), Хозе Марија Алварез-Пајете (Телефоника), Алисон Киркби (Телија Компани) и Ник Рид (Водафон Груп) - заеднички го поздравија започнувањето на иницијативата за еко-рејтинг:

„Градењето поодржлива иднина е наша заедничка одговорност, затоа веруваме дека е вистинско време да се постави усогласен проект за еко-рејтинг на ниво на целата индустрија, којшто ќе ја подобри транспарентноста и ќе помогне да се подигне свеста за влијанието врз животната средина на телефоните коишто ги избираат нашите корисници“.

„Со нетрпение очекуваме на иницијативата за еко-рејтинг во иднина да и се приклучат повеќе производители и телекомуникациски оператори и се надеваме дека тоа ќе ја инспирира целата индустрија да ја забрза својата транзиција кон поциркуларен модел за мобилни телефони“.

Методологија за еко-рејтинг

Користејќи информации доставени од производителите на уредите, еко-рејтингот применува конзистентна методологија за оценување со 19 различни критериуми, што на крајот резултира со конечна оцена за секој уред. Покрај тоа, еко-рејтингот дава насоки во пет клучни области:

  • Издржливост – Цврстината на уредот, траењето на батеријата и гарантниот период за уредот и неговите компоненти.
  • Поправливост: Ја опфаќа леснотијата со која уредот може да се поправи, вклучувајќи го и дизајнот на мобилниот телефон и активностите за поддршка коишто можат да го зголемат траењето на производот преку подобрување на потенцијалот за поправливост, повеќекратна употреба и надградување. Повисоката оцена покажува до кој степен се поддржани овие аспекти.
  • Способност за рециклирање – Колку добро компонентите на уредот можат да се обноват и расклопат, доставените информации коишто тоа го овозможуваат и колку добро материјалите можат да се рециклираат.
  • Климатска ефикасност – Емисии на стакленички гасови на уредот. Колку е повисока оцената, толку е помало влијанието врз климата.
  • Ефикасност на ресурсите: Го проценува влијанието предизвикано од количината на дефицитарни суровини коишто се потребни за уредот (на пр. злато за производство на електронски компоненти) во однос на исцрпувањето на ресурсите; колку е повисока оцената, толку е помало влијанието кон достапноста на материјалите.

Методологијата за еко-рејтинг се базира на знаење во индустријата и најдобри практики собрани преку претходни иницијативи за означување на влијанието врз животната средина.  Развиена е со техничка поддршка и надзор од ИХОБЕ (агенција во јавна сопственост којашто специјализира во економски развој, одржливост и животна средина) и со учество на добавувачи на уреди, користејќи ги најновите стандарди и упатства од Европската унија, ИТУ-Т, ЕТСИ и ИСО, како и нови параметри онаму каде што е соодветно.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе
  • filter

Поглед во специјалното издание на Renault за Ролан Гарос

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе