Лавров го обвини Западот за русофобија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров синоќа, во говор на Генералното собрание на ОН, го обвини Западот за „русофобија без преседан“.

– Официјалната русофобија на Запад е без преседан, а нејзините размери се гротескни, истакна Лавров.

Тој тврди дека западните сили „не се двоумат да ја објават својата намера не само да нанесат воен пораз на Русија, туку и да ја уништат“.

Лавров се осврна и на осудата од Западот, посебно од САД, на референдумите за присоединување со Русија, што се одржуваат во украинските региони под руска контрола.

За него референдумите значат дека локалните жители ја враќаат „земјата каде што нивните предци живееле стотици години“.

Тој ги обвини САД дека се обидуваат да го претворат целиот свет во нивни „двор“.

– Денес се одлучува за иднината на светот, посочи Лавров.

Според него светската криза укажува на „крај на хегемонијата на САД и можност за транзиција кон праведен и демократски мултилатерален светски поредок“.

Според шефот на руската дипломатија, збогатувањето на Западот на сметка на ресурсите на Азија, Африка и Јужна Америка е минато.

Тој, исто така, го обвини Западот за кризата со храна и енергија, која, според него, настанала како резултат на „неконтролираните монетарни емисии во САД и ЕУ за време на пандемијата“.

Лавров ги повика земјите од светот да се приклучат на „Групата на пријатели во одбрана на Уставот на ОН“, а во исто време не ја исклучи можноста за проширување на Советот за безбедност со зголемување на застапеноста на Африка, Азија и Јужна Америка.

Тој посебно ги посочи Индија и Бразил како потенцијални кандидати за постојани земји-членки на Советот за безбедност на ОН. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе