Лажни полицајци ограбиле странски државјани на автопатот Ниш-Врање

Лажно претставувајќи се дека се полицајци и користејќи полициски трепкачи на автомобил од типот Audi, група непознати лица рано утринава запреле автомобил со германски регистарски ознаки на автопатот Ниш-Врање и од патниците изнудиле 10.000 евра, јави дописникот на МИА од Белград.

Според полициски извори, настанот се случил во близина на селото Превалац кога од автомобилот Audi излегло лице во полициска униформа, вооружено со автоматско оружје и батерија, и од патниците ја украло споменатата сума пари.

Оштетени се двајца патници – едниот е државјанин на Северна Македонија, а другиот е од Албанија.

Случајот бил пријавен во полицијата во Врање, која е во потрага по „лажниот колега“, а надлежното обвинителство работи на случајот.

Пред околу десетина дена во Сурдулица двајца мажи претставувајќи се како полициски инспектори пресретнаа малолетни лица и им одзедоа пари.

Минатата недела, српската Влада усвои измени и дополнувања на Уредбата за изгледот, формата и содржината на службената значка и службената легитимација, со која се пропишува дека е „забрането поседување на значка и службена легитимација на лица кои не се припадници на Министерството за внатрешни работи“.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Регион

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе