Ледена бура предизвика колапс во САД - откажани летови и тешки сообраќајки

Зимското невреме, проследено со ледена бура, синоќа парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1.700 летови низ земјата, запирање на сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас и предизвикувајќи сериозни сообраќајни несреќи во Тексас, сојузна држава што не е навикната на мраз.

Додека ледената бура вчера се движеше кон исток, од Западен Тексас сè до Западна Вирџинија беа издадени предупредувања за опасност од невреме. И во текот на денешниот ден се очекуваат неколку серии мешани врнежи, вклучувајќи и замрзнат дожд и лапавица, што значи дека некои региони би можеле да бидат погодени од невремето повеќе пати, предупреди Федералната метеоролошка служба.

Повеќе сообраќајни несреќи беа пријавени во Остин, Тексас, со најмалку една жртва, регистрира противпожарната служба во Остин. Во округот Тревис, Тексас, кој го опфаќа Остин, полицијата на секои три минути добивала повици за несреќи, соопштија локалните власти.

Само вчераутро во Тексас биле пријавени околу 7.000 прекини на електричната енергија, а тоа се должело на мраз на далноводите или соборени дрвја.

Флота од возила за итна помош беше испратена на дури 1.600 места и патишта под мраз.

Во Арканзас, републиканската гувернерка Сара Хакаби Сандерс, синоќа прогласи вонредна состојба поради ледената бура и кажа дека лошите услови на патиштата ја запреле утринската испорака на намирници до продавниците.

Училиштата и колеџите во Тексас, Оклахома и Арканзас најавија дека ќе бидат затворени, а наставата ќе се изведува онлајн.

Remote video URL
Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе